ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Кон крајот на годината ќе добиеме нов модерен мост на Љубљанска кој ќе ги поврзува граѓаните

July 4, 2023 13:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Кон крајот на оваа година ќе добиеме модерен мост со широчина од 24 метри со 4 коловозни ленти, со пешачки и велосипедски патеки од двете страни, едно вистинско архитектонско решение, изјави заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи заедно со генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт, изврши увид во градежните работи на мостот Љубљанска во Општина Карпош за кој се одвоени над 6 милиони и 200 илјади евра и ќе поврзе два дела од градот, поточно фреквентните улици „Илинденска” и „Скупи”, мостот ќе ги поврзе меѓу себе и општините Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел, и Шуто Оризари.

„Задоволен сум од динамиката со која се врши изградбата бидејќи долната конструкција на мостот е завршена и моментално се работи на горниот дел. Веќе е завршено и бетонирањето на главните носачи, попречните носачи и плочата помеѓу крајниот столб и средниот столб и во наредниот период ќе се поставуваат скелиња за поставување на плоча помеѓу столбовите. По завршувањето на работите, ќе добиеме модерен мост со широчина од 24 метри со 4 коловозни ленти, со пешачки и велосипедски патеки од двете страни, едно вистинско архитектонско решение, кое граѓаните на Скопје и на Северна Македонија го заслужуваат. Очекувањата се работите на мостот да се финализираат кон крајот на оваа година”, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи изрази задоволство за динамиката на започнатите проекти од ТАВ програмата.

„Имаме над 76% реализација на започнатите проекти од ТАВ програмата, и реализацијата на овие значајни проекти се одвива успешно според предвидената динамика. Од вкупно 82 започнати проекти во вредност од 49,7 милиони евра, до денес се завршени 60 инфраструктурни проекти во разни општини низ државата, а тековно се работи на 22 други. За останатите 10 проекти овие денови ќе почне реализацијата”, изјави Битиќи.

Генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт во неговата изјава рече дека мостот ќе биде голема придобивка за локалните заедници и дека ТАВ како аеродромски оператор, покрај аеродромското работење како главна дејност, со задоволство придонесува за развојот на локалната инфраструктура во Северна Македонија.

„Како еден од 90-те специјални проекти чија вкупна вредност е 49,7 милиони евра, мостот „Љубљанска” е од огромно значење бидејќи ќе поврзе два динамични дела на град Скопје и во исто време ќе додаде вредност и придобивка за локалните заедници и особено за граѓаните на град Скопје”, рече Курт, и додаде дека тука нема да биде крајот на соработката со Владата на Северна Македонија во делот на подобрување на инфраструктурата.

Инаку преку ТАВ програмата, Владата и ТАВ градат водоводи, канализации, спортски сали, патишта и улици, градинки, домови за стари лица, младински центри, поточно инфраструктурни проекти кои се значајни за нашите сограѓани.

Tags: БитиќиЉубљанскаМост
Next Post

Коњи, уметност, приватни авиони: луксузниот живот со крвави пари на семејството на Пригожин

НАЈНОВО

ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 12 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk