Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во објава на Фејсбук со честитка до САД за Денот на независноста и го поздрави враќањето на Соединетите Американски Држави во УНЕСКО.
„Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер со кого негуваме искрени релации и споделуваме заеднички вредности во сите општествени сфери, вклучувајќи ја и културата.
Честит 4-ти јули, Денот на независноста на САД. Упатувам длабоко почитување и искрена благодарност за сета поддршка и пријателство кои ги добиваме од првиот ден на нашата независност. Нашето членство во НАТО само го потврди сојузништвото во име на мирот и демократијата.
Од особена важност за нас е поддршката што ја добиваме во областата на заштитата на културното наследство, преку Амбасадорскиот фонд на САД, со што долгорочно се заштитуваат културните добра од светско значење.
Особено сакам да го поздравам враќањето на Соединетите Американски Држави во УНЕСКО, како една од државите основачки на оваа Организација“, наглсаи во објавата Костадиновска-Стојчевска.