ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на Предлог-законот за данок на солидарност

July 5, 2023 11:11
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со Предлогот на Законот за данок на солидарност, Стопанската комора на Северна Македонија изминатиот период во континуитет укажува дека носењето на вакво законско решение за измината фискална година (конкретно за 2022 година), создава несигурност кај постојните и потенцијалните инвеститори, особено ако се има предвид дека правната сигурност е еден од врвните приоритети за кои се залагаме како застапувачи на интересите на бизнис заедницата во земјата, се вели во денешното обраќање до медиумите на СКСМ.

Стопанската комора на Северна Македонија која ги застапува компаниите кои создаваат половина од вкупниот приход во приватниот сектор, компании кои генерираат речиси половина од нето добивката во приватниот сектор и компании кои вработуваат повеќе од една третива од вработените во приватниот сектор уште еднаш ги афирмира своите забелешки во однос на Предлог-законот за данок на солидарност и укажава на следното:

Селективен пристап затоа што се опфатени само поголемите компании кои остваруваат приход поголем од 615.000.000 денари;

Се врши оданочување на добивката што ја оствариле компаниите, независно дали истата е резултат на пазарните услови (остварена екстра добивка поради движења на пазарите на енергенси или други причини кои довеле до конјуктурни поместувања на пазарот) или е резултат на нивното работење, односно резултат на зголемени инвестиции, подобрена продуктивност, освојување на нови пазари и сл.;

Дестимулирање на успешните компании, кои се инвестициски ориентирани, односно во неповолна положба се доведуваат компании кои инвестирале во претходните години.

Ефектот кој се очекува од примената на истиот во смисла на обезбедување на дополнителни средства во државниот буџетот, може да изостане за делот на добивката на компаниите кои се корисници на државна помош, од причина што ќе се намали нивниот индивидуален износ на доделена државна помош, и по тој основ нема да се зголемат приходите во буџетот.

Ваков данок, кој се носи ад хок, во втората половина на деловната година создава несигурност кај постојните и потенцијалните инвеститори.

Во таа насока Клуб 100, како најрепрезентативно тело на раководење во Стопанската комора, ја повикува Владата на РС Македонија да го повлече Предлог на Законот за данок на солидарност и со тоа да покаже сериозен однос кон укажувањето на најголемата и најбројна бизнис асоцијација во државата. Исто така, сакаме да напоменеме дека е јасна намерата на Владата на РС Македонија дека овој закон сака да го протне со европско знаме, кој ќе нанесе поголема штета него добро, се додава во соопштението.

Tags: Данок на солидарностпредлог законСтопанска комора на Северна Македонија
Next Post

Катастрофална состојба со човековите права во Белорусија, закани за децата, чистка на „дисидентите“

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk