ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Богоев: Царината ги зајакнува институционалните капацитети за финансиски истраги, посветени сме на ЕУ интегративниот процес

July 5, 2023 15:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Зајакнувањето на капацитетите за водење финансиски истраги е од исклучителна важност за натамошен напредок во постигнување европски стандарди и критериуми во рамки на Поглавје 24 кои се однесуваат на финансиски истраги и постапки за одземање имотна корист стекната со криминал и имот од незаконско потекло. Ова беше една од темите на денешната средба на директорот на Царинската управа, Стефан Богоев со програмската директорка на Центарот за европски перспективи Андреја Долничар Јерај, која раководи со Програмата за развојна соработка на Република Словенија со Република Северна Македонија.

Во следниот период од две години планирани се посети од експерти од Словенија за споделување на искуства и знаења во областа на финансиските истраги, што се очекува да резултира со понатамошно унапредување на експертизата на царинските службеници во овој дел. Во рамки на планираните активности неделава се одржуваат обуки за практична примена на процедурите за водење финансиски истраги за царинските службеници и службениците од останатите институции вклучени во процесот.

„Постојаното унапредување на експертизата за водење финансиски истраги и зајакнувањето на капацитетите со кои се обезбедуваат докази за кривично гонење на посериозни криминални активности е од големо значење и е една од активностите високо на агендата на Царинската управа”, истакна Богоев.

Раководителката на Програмата за развојна соработка Јерај, изрази честитки за напредокот остварен од истражните и органите за водење криминал на патот кон постигнување европски стандарди и критериуми во рамки на Поглавјето 24, но и за постигнато високо ниво на усогласеност во Поглавје 29 со кое раководи Царинската управа во евроинтегративниот процес.

„Сакам да изразам задоволство што истражните органи покажаа доверба и подготвеност за примена на искуствата и знаењата на колегите од Република Словенија. Во изминатите години во рамки на Програмата за развојна соработка на Република Словенија успешно се реализираа два проекти во рамки на кои не само што се зголемија знаењата во делот на финансиски истраги туку и се утврдија заеднички насоки за финансиските истраги, како и стандардизирани оперативни процедури”, истакна Јерај.

Во рамки на Програмата која се реализира во форма на билатерална соработка, од македонската страна учествуваат Царинската управа, Јавното обвинителство, Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи, додека од страна на Република Словенија учествуваат Државното обвинителство, Финансиската управа и Министерството за внатрешни работи.

Tags: Богоевекономијацарина
Next Post

Николовски: Законот за советодавни услуги има за цел обезбедување на квалитетни совети и информации на нашите земјоделци

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk