Случајот Феникс, уште еднаш го потврди вистинско, криминално лице на ДПМНЕ, соопштија утрово од СДСМ
Партијата на власт повтори дека 15 лица, меѓу кои и поранешни највисоки функционери на ВМРО-ДПМНЕ се осомничени дека злоупотребиле 57 милиони евра пари на граѓаните за 11 споменици од Скопје 2014.
„Скопје 2014 е ултра криминал на ДПМНЕ каде преку различни шеми врз грбот на граѓаните се перени пари кои завршувале во џебовите на неколкумина од Белата палата. Дури и седиштето на ДПМНЕ е криминално стекнат имот, врз грбот на граѓаните. Бројни судски пресуди за долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери на ДПМНЕ, меѓу кои и за злосторничко здружение. Сето ова се факти кои не говорат добро за ДПМНЕ, напротив“, се истакнува во информацијата од оваа партија.
Додаваат дека наместо Мицкоски да побара целосно расчистување на сите случаи и одговорност на секој што го прекршил законот тој го брани криминалот на ДПМНЕ.
Тоа, според СДСМ, покажува дека ништо не се променило во ДПМНЕ, дека тоа е „истата режимска, криминална партија“.