ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Законот за советодавни услуги има за цел обезбедување на квалитетни совети и информации на нашите земјоделци

July 5, 2023 15:35
in PMD, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, информираше дека Владата го усвои Законот за советодавен систем во земјоделството и руралниот развој.

Оваа реформа е значаен момент во нашата ангажираност за поддршка на руралните заедници и за развојот на земјоделството. Со ова законско решение создаваме можност за професионализација на советодавните услуги и воспоставуваме систем преку кој на земјоделците ќе им се доближат искуствата и знаењето за најновите практики и технологии во производството, кои директно треба да влијаат да имаме одржливо и конкурентно производство, по европски терк.

Законот за советодавни услуги во земјоделството и руралниот развој има за цел да создаде ефективен и структуриран систем за обезбедување на квалитетни совети и информации на нашите земјоделци.

Земјоделците ќе можат да се консултираат со стручни лица во областа на земјоделството и руралниот развој за сите текови во својата работа.

Посебно важна цел на ова предлог законско решение е структурално и организационо подобрување на постоечкиот советодавен концепт во Република Северна Македонија. Пропишувајќи ги видовите и типовите на советници, програмите и видот на обуките низ кои треба да поминат, условите кои ќе треба да ги исполнат за да бидат регистрирани потенцијалните даватели на советодавни услуги ќе се постигне поголема конкурентност, подобар квалитет и зајакнување на капацитетите на давателите на советодавни услуги.

Со ова решение, Министерството ќе воспостави Регистар на даватели на советодавни услуги кој ќе биде јавно достапен за сите земјоделски стопанства за да им се олесни пристапот до советник со специфична стручност за одредена област, во зависност од типот на производство.

Законот дава основа за формирање на Системот за знаење и иновации во земјоделството, познат како АКИС, кој во моментов е главна стратешка област за развој во Европската Унија и го следиме чекорот во воспоставувањето на овој систем кој слободно можам да кажам дека ќе го имаме први во регионот.

Функционирањето на Советодавниот систем во земјоделството и руралниот развој ќе биде надгледуван и помаган од Советот за мониторинг и координација, кој ќе биде составен од експертска група составена од членови номинирани над 20 институции и организации кои се идентификувани како клучен дел од Системот.

На ова законско решение се работеше транспарентно и инклузивно. Изминативе две години, експертска група формирана од мене како Министер за земјоделство, а со помош од Европската Унија преку проектот за модернизација на советодавните услуги во земјоделството, интензивно работеше на сите потребни подготовки за изработка на овој закон, се одржаа низа јавни презентации пред земјоделците, земјоделските организации и во соработка со јавниот давател на советодавни услуги Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Сакам да изразам честитка и јавна благодарност до експертската група, тимот од Министерството и сите други инволвирани чинители кои со својот придонес овозможија оваа реформа да стане реалност.

Оттука, следен чекор на ова европско законско решение е усвојување во законодавниот дом, Собранието на Република Северна Македонија.“, рече министерот Николовски.

Извор: Агротим

Tags: закон за советодавни услугиземјоделциНиколовски
Next Post

Дерала за Глас на Америка: Македонските демократски и евроатлантски интеграциски процеси се незамисливи без поддршката од САД

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk