ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска и Битиќи во посета на домашни капацитети за производство на воена опрема и вооружување

July 5, 2023 14:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и заменик-претседателот во Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи денеска беа во посета на домашните капацитети за производство на воена опрема и вооружување во фабриката за наменско производство на „АТС Груп”, односно во поранешната фабрика Сувенир – Самоков.

За време на посетата, министерката Петровска и вицепремиерот Битиќи ја споделија можноста за домашните компании да учествуваат на НАТО тендерите за набавки, процес во кој Центарот за поддршка на компании во Министерството за одбрана е подготвено да даде поддршка.
„Ова е една од големите придобивки за нашите компании и економијата целокупно од влезот на нашата земја во НАТО. Ова е голем пазар со огромен потенцијал”, рече Битиќи.

Петровска и Битиќи при посетата имаа можност и одблизу да се запознаат со производствениот процес во оваа компанија.

„Живееме во период кога потпирањето само на светските токови на снабдување со критични материјали и услуги станува ризично. Производството на стоки и услуги кои се од одбранбен карактер дома, во нашата држава е од исклучително значење и за безбедноста на Северна Македонија, но и за колективната безбедност во НАТО”, рече Петровска.

Целта на оваа посета е да се разгледаат можностите за продлабочување на соработката помеѓу државата и воено-наменската индустрија, односно стопанските субјекти кои се занимаваат со производство и промет со стоки поврзани со одбранбени дејности во Северна Македонија, како и поддршка на субјектите кои се потенцијални даватели на стоки и услуги од одбранбен карактер.

АТС груп е голема компанија која има 550 вработени, од кои 350 вработени се во фабриката за производство на муниција. Во моментот компанијата спроведува постапка за вработување на дополнителни 80 лица. Во поглед на инвестициите на компанија, вкупни нови инвестиции се 202 милиони евра, а само за малокалибарска муниција и каписли новата инвестиција е во вредност од околу 50 милиони евра.

Tags: Битиќидомашни капацитетиПетровскапроизводство на воена опрема
Next Post

Кривични за 20 лица осомничени за криумчарење луксузни возила со вкупна вредност од 500 до 600 илјади евра

НАЈНОВО

Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

August 18, 2025
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

August 18, 2025

Гал Гадот: Филмот „Снежана“ пропадна затоа што многумина се против Израелците

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk