ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Семејството Дочински за првпат во Македонија произведува мед со сушено овошје

July 6, 2023 12:52
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На неколку различни дестинации во богатата природа на Малешевијата, сместени се кошниците со пчели на семејството Дочински. Гоце Дочински, дипломиран земјоделец-агроменаџмент и неговата сопруга Софче, која по професија е наставник, со пчеларство се занимаваат веќе 11 години. Нивните дечиња, ученичињата Јована и Стефан се вредни како пчелките што ги чуваат нивните родители и оваа пролет активно се вклучени во вадење на перга или познато како пчелин леб.

„Пчеларството за нас е семеен бизнис со целосна посветеност, вклучувајки нè подеднакво сите и со работа и со нови идеи за унапредување. Едно посебно уживање во природата и заедничките мигови на нашето семејство задавајќи си нови предизвици и постигнување на нови успеси.“, ни рече Гоце.

Семејството Дочински има околу 500 пчелни семејства.

„Прво и основно вадиме мед, ги користиме сите благодети кои ги дава нејзиното височество пчелата како прополис, полен, перга, матичен млеч. Сега имаме и мед со матичен млеч, мед со поленов прав, мед со перга, мед со прополис и прополис како природен антибиотик распрскувач. Имаме мед со семе од коприва, мед со таан, мед со саќе, мед со јаткасти плодови и нашите најнови производи мед со сува вишна, сува малина, сува боровница. Со нашиот нов производ, медот со сува слива, ја потенцираме препознатливоста на Малешевија“, ни ја откри Гоце палетата на нивните производи.

Како што знаеме од искуство и од повозрасните пчелари, во зависност од годината и временските услови, секоја година се вади и различна количина мед. Климатските промени имаат голем удел и во приносите на мед, а Дочински вели дека се задоволни ако имаат 10 кг мед во просек од пчелно семејство.

Ги прашавме Софче и Гоце дали се задоволни од пласманот и од побарувачката и како ја вршат продажбата на нивните производи.

„Да, задоволни сме. Посветеноста, квалитетот на медот, маркетингот, прават да имаме и добра побарувачка. Продажбата на медот тече телефонски, по нарачка и достава насекаде низ Македонија. Имаме доста голем интерес за сите мешавини на мед кои ги правиме. Затоа што навистина станува збор за природно неодоливи вкусови, а плус тоа и има здравствени придобивки. Медот со суво овошје за прв пат во Македонија, нов производ од нашиот бренд очекуваме да биде примамлив за сите возрасти со својот вкус, би рекле здравје и енергија во лажичка.“

За оние кои не знаат, Дочински ни откри како се доаѓа до прополисот.

„Пчелата го собира прополисот од смолата на дрвјата и цветните пупки. Пчелата со прополис ја затвора својата кошница од студ и натрапници. Собраниот прополис откако ќе го извадиме од кошницата се става во замрзнувач за да не е леплив и да може да се иситни. Потоа се става 300 гр прополис во 1 литар чист алкохол и се остава да отстои 15 денa или колку подолго, толку подобро.“

Како цел и желба за во иднина за семејството Дочински е нивниот мед да стане препознатлив бренд со голем асортиман на производи.

„Плановите се развиваат постепено со сите нови случувања и побарувања што ги имаме од потрошувачите. Но она што сега си го поставуваме како предизвик е да станеме голем и препознатлив бренд со голем асортиман на производи. Отворање на наша веб-страница која ќе даде можност во ова време на технологија, побрзо, полесно, поедноставно потрошувачите да слушнат за нас и за квалитетот на нашите производи. Затоа што ние сме добитници на седум златни медали за квалитет на мед на меѓународно ниво. Да нè препознаваат и побарувачката да биде уште поголема, а и нарачката полесно и поедноставно да се одвива.“

Дочински вели дека сè поголем е бројот на луѓе кои консумираат мед и производи од мед.

„Искрено може да се каже дека да, Македонците консумираат мед. Можеби и периодот на пандемијата си го направи своето и ја разви свеста кај секој од нас дека треба да се грижиме за сопственото здравје секојдневно. Важи онаа наша стара народна СО ПРИРОДНО СПРЕЧИ, НАМЕСТО ДА ЛЕЧИШ.“

Извор: Агротим

Tags: медПчеларствосемејство Дочинскисушено овошје
Next Post

По Мијалков, и конфискуваниот имот на Никола Груевски на јавна аукција

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk