Процесот за уставните измени сега веќе ќе се институционализира, рече новинарот и аналитичар Зоран Бојаровски во гостувањето во „Само вистина“.
-Кога веќе премиерот најави дека предлозите за две недели ќе се најдат во Собранието, после серија најави и лицитации за тоа кога, сега на премиерот не би му личело да лицитира и да не се случи тоа. Претпоставувам многу скоро ќе почне процедурата и постапката во Собранието и процесот ќе се институционализира, кажа Бојаровски.
Според него идеално би било ако се постигнела согласност пред уставните амандмани да влезат во Собранието.
Постојано имаше повик од власта кон опозицијата да учествува во процедурите за носење заеднички став за прашањето, а она што постојано беше императив на ВМРО-ДПМНЕ е нивниот единствен услов за предвремени избори, вели Бојаровски.