ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лога по сопствена иницијатива побарал да се укине дискреционото право на министерот за избор на нотари и извршители

July 7, 2023 13:44
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

На вчерашната седница на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, која за прв пат се одржа со физичко присуство, министерот за правда Кренар Лога на членовите на Советот им порача дека е неопходно одредени активности да бидат дел од новата развојна Стратегија.

„Надлежноста за издавање на лиценци за вештаци од Министерството за правда да се префрли на надлежните комори, додека правосудниот испит, како и испитите за нотари и извршители наместо во Министерството за правда да се полагаaт во Академијата на судии и јавни обвинители“, стои во соопштението за предлозите на Лога.

Министерот за правда по сопствена иницијатива побарал да се укине дискреционото право на министерот за избор на нотари и извршители. Потоа да се обезбеди транспарентност во постапките за нивно именување, да се предвиди кривична одговорност на судиите поротници, да поднесуваат анкетни листови за имотната состојба, како и присуство на јавноста во сите постапки пред Апелационите судови и Врховниот суд.

Дел од предлозите за кои ќе треба во наредниот период да се дискутира се укинувањето на Вишиот управен суд за што ќе биде потребна целосна реформа на управното право, како и измени на Законот за Судскиот совет во начинот на избор и разрешување на членови на советот.

На седницата е отворена јавна дискусија за сите забелешки, коментари и предлози од сите членови на Советот по однос на активностите од Акцискиот план.

ВМРО-ДПМНЕ и покрај фактот што беа поканети да присуствуваат на седницата, не дојдоа на расправата. Драфт верзијата од Развојната Стратегија ќе им биде доставена по што се очекува да дадат конкретни забелешки и коментари за одредени прашања.

„Стратегијата е од исклучителна важност од аспект на донесувањето на Патоказот за владеење на правото и негово имплементирање а со неа се очекува да се зголеми довербата во правосудството“, се додава во соопштението на МП.

Tags: ЛогаМПСтратегија за реформа на правосудниот сектор
Next Post

Ковачевски: За 27 семејства од Свети Николе обезбедивме дом и им помогнавме да си го решат егзистенцијалното и генерациско прашање

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk