Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на вториот ден од Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија во изјава за медиумите ги кажа ставовите на Северна Македонија кои денеска ќе ги пренесе во рамки на двете сесии од Самитот.
Денес продолжуваме со две други сесии. Првата е со нашите партнери од Индо – пацифичкиот регион, тука со нас се присутни Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија на коишто ќе ги споделиме најважните аспекти на заедничкото делување во однос на обезбедувањето мирот во светот во овој нов геополитички момент.
На состанокот ќе присуствуваат и претседателката на Европската Комисија и претседателот на Eвропскиот Совет на којшто исто така ние претставниците, претседателите и премиерите на земјите од Западен Балкан ќе го реафирмираме и ставот за важноста на европските и евроатланските интеграции за мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот на овој многу важен регион и за НАТО, меѓутоа и за ЕУ.
Ќе одржам и билатерална средба со премиерот на Грција и исто така ќе продолжи и втората сесија за денес која се однесува за првиот состанок на Советот на НАТО – Украина на којшто ќе разговараме подетално во однос на поддршката којашто НАТО ја дава на Украина, меѓутоа и за чекорите кои ќе бидат направени во иднина а сè со цел поголемо приближување на Украина кон НАТО“, порача Ковачевски.