ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Безбедноста и стабилноста на Западен Балкан зависи од брзата евроатланска интеграција на регионот

July 12, 2023 09:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Ковачевски од Самитот на НАТО: Безбедноста и стабилноста на Западен Балкан зависи од брзата евроатланска интеграција на регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на вториот ден од Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија во изјава за медиумите ги кажа ставовите на Северна Македонија кои денеска ќе ги пренесе во рамки на двете сесии од Самитот.
„Сакам да изразам големо задоволство од вчерашниот состанок, од првата сесија на којашто како што беше и очекувано се потврди единството во НАТО Алијансата. Притоа, сите го поздравивме влегувањето на Финска како 31 членка и чекорот кој е направен пред финално влегување во НАТО Алијансата на Шведска.Исто така беа донесени многу важни одлуки, првата во однос на продолжувањето на поддршката на Украина. Второ во однос на подготовката на безбедносни планови на регионално ниво, во однос на финансирањето пришто беше донесена одлука за 2% од БДП да биде минимум издвојување за одбраната, пришто 20% најмалку да биде за модернизација. Исто така голема одлука беше донесена во однос на проширувањето на соработката на НАТО земјите во делот на сајбер безбедноста и во делот хибридните закани коишто ги гледаме околу нас.

Денес продолжуваме со две други сесии. Првата е со нашите партнери од Индо – пацифичкиот регион, тука со нас се присутни Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија на коишто ќе ги споделиме најважните аспекти на заедничкото делување во однос на обезбедувањето мирот во светот во овој нов геополитички момент.

На состанокот ќе присуствуваат и претседателката на Европската Комисија и претседателот на Eвропскиот Совет на којшто исто така ние претставниците, претседателите и премиерите на земјите од Западен Балкан ќе го реафирмираме и ставот за важноста на европските и евроатланските интеграции за мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот на овој многу важен регион и за НАТО, меѓутоа и за ЕУ.

Ќе одржам и билатерална средба со премиерот на Грција и исто така ќе продолжи и втората сесија за денес која се однесува за првиот состанок на Советот на НАТО – Украина на којшто ќе разговараме подетално во однос на поддршката којашто НАТО ја дава на Украина, меѓутоа и за чекорите кои ќе бидат направени во иднина а сè со цел поголемо приближување на Украина кон НАТО“, порача Ковачевски.

Tags: КовачевскиМакедонијаНАТО
Next Post

Кина испрати воени бродови и авиони во Тајван

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk