ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Клучно во преговорите беше зајакнувањето на меѓусебната довербата со синдикатите и целосната поддршка од премиерот и Владата

July 12, 2023 13:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Преговорите за решавање на прашањето на платите во јавната администрација се релативно тежок процес, особено што се одвиваат во услови на криза,  но важно е дека во тој процес ја имавме целосната поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и од друга страна имавме кредибилен партнер во синдикатите кои имаа сериозен пристап во изнаоѓање на решението. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување на ТВ 21.

„Важно е дека преку дијалог дојдовме до решение кое е во итнерес на работниците, кое е одржливо и е системско и кое овозможува независност на администрацијата во однос на прашањето со плата и нема да зависи од преговори, го штити стандардот  и ќе ја следи продуктивноста на стопанството и претставува солидна основа да се изгради здрава и професионална јавна администрација”, рече министерот Бесими.

Посочи дека со овој договор се опфатени 129.000 вработени во јавната администрација на централна и локална власт, односно буџетски корисници, јавни претпријатија на локално и централно ниво, општини и слично, кои согласно договореното ќе добијат 10 % повисока плата од септември 2023 година, исплата на К-15 за 2023 година во износ од 10.000 денари, К-15 од 2024 година во износ најмалку од 30% од просечната нето плата и методологија поврзана со коефициент помножен со просечна бруто плата од март 2025 година.

Како што наведе потребните средства за спроведување на овој договор годинава ќе се обезбедат со ребаланс или преаспределба само на расходната страна и дека тоа ќе биде усвоено од Собранието во текот на септември.

Средствата, како што појасни, ќе се бараат со прераспределби, и дека нема да се зголеми дефицитот.

Наредните денови се очекува потигнатиот договор со синдиактите да биде на дневен ред на седница на Економско-социјалниот совет.

Во интервјуто министерот истакна дека очекува решение, како ова што е постигнато за Општиот колективен договор, да се постигне и во однос на барањата на вработените во Управата за јавни приходи и Царинската управа, каде веќе се одвиваат и преговори со посредство на медијатор.

Министерот се осврна и на процесот на издавање на граѓанската обврзница, за која денеска е последен ден во кој граѓаните може да поднесат барање за купување обврзница.

Наведе дека ова е нов иновативен инструмент во кој граѓаните ја препознале можноста што ја дава и дека веќе е надминат износот  на кој беше објавен проспектот за аукцијата.

„Заклучно со вчерашниот ден се запишани 14 милиони евра, но утре кога ќе се одржи аукцијата ќе го знаеме точно износот. Ќе бидат запишани сите средства за кои покажале граѓаните интерес. Средствата обезбедени преку овој инструмент ќе влезат во трезорот и ќе се финансираат развојни проекти кои се предвидени и планирани со буџетот”, рече министерот за финансии, додавајќи дека за граѓаните нуди атрактивен принос за безризична инвестиција. 

Tags: Бесимијавен секторплати
Next Post

ТАВ Аеродроми повторно се здоби со сертификатот на Great Place To Work како одлично место за работа

EVN

НАЈНОВО

January 27, 2026

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk