ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими: Успешно заокружен процесот на издавање на граѓанската обврзница, граѓаните со повеќе од двојно поголем интерес од објавениот

July 13, 2023 15:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на издавање на првата емисија на граѓанската обврзница денеска успешно заврши со одржување на аукцијата на која беа запишан износ од 1.448.030.000 граѓански обврзници, што е двојно повеќе од она што беше објавено со Проспектот за граѓанската обврзница во износ од 600 милиони денари.

„Интересот беше голем за овој нов иновативен производ на финансисксиот пазар. Граѓаните го препознаа својот интерес и ја искористија можноста да инвестираат во производ кој за нив е безризичен, сигурен и носи атрактивен принос, штитејќи ја вредноста на нивните пари во момент на висока инфлација”, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој додаде дека придобивките од воведувањето на овој инструмент на пазарот се повеќекратни и дека покрај бенефитите за граѓаните, инвестирањето во нив значи и дека тие придонесуваат за раст на домашната економија, бидејќи средтвата од граѓанскта обврзница ќе се пласираат преку буџетот во развојни проекти, кои веќе се планирани. Дополнително ќе влијае и на намалување на сивата економија, затоа што ќе ја активира готовината што граѓаните ја чуваат надвор од системот.

На аукцијата учествуваа 1.283 граѓани кои имаа уплатено средства во износ од 1.448.030.000 денари. Минималниот износ кој граѓаните можеа да го уплатат за учество на аукцијата изнесуваше 10.000 денари, со поднесување барање за купување на една граѓанска обврзница. Максималниот износ не беше предвиден. Процесот на поднесување барање и уплатата на средствата се одвиваше преку шалтерите во деловните банки. Во овој процес со Министерството за финансии заедно го спроведуваа сите деловни банки во земјата.

Со аукцијата се заокружува процесот на издавање на граѓанската обврзница, во кој сега следува постапка на евидентирање на граѓанските обврзница во Централниот депозитарот за хартии од вредност. Приносот по основ на камата на граѓаните ќе им биде исплатен на 20 јули 2024 година за првата година и 20 јули 2025 година за втората година, кога ќе им биде вратен и целиот вложен износ. Каматната стапка за оваа емисија на граѓанска обврзница изнесува 5% годишно и таа е фиксна за двегодишниот период на важност на обврзницата. Тоа значи граѓаните кои инвестирале во граѓанска обврзница ќе добијат принос вкупно 10% од инвестираниот износ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бесимиграѓанска обврзницаекономијафинансии
Next Post

Советот на град Скопје донесе заклучоци со кои бара одговорност за сите кои учествувале во креирањето на состојбите во ЈП „Комунална хигиена“

НАЈНОВО

Дигитална изложба „Фауна” во Битола – урбана уметност во зголемена реалност

October 14, 2025

Ана Карајанова Димитрушева: Гласајте за бројот 8 за достоинство на луѓето со попреченост

October 14, 2025
Скриншот

Стармер: Потпишувањето на мировниот план за Појасот Газа е историски ден

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk