Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица вчера го привеле А.А.(44).
При претрес во неговиот дом, како што соопштуваат од МВР, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана.
Лицето било задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.