Царинската управа со неколку илустрирани насоки за тоа што можат граѓаните да носат при влез и излез од државата, за да немаат проблеми при царинската контрола.
Дозволен влез на преработки од тутун:
- 200 ЦИГАРИ
- 100 ЦИГАРОЛОСИ
- 50 ПУРИ
- 250 гр. ТУТУН
Дозволен влез на алкохолни пијалоци:
- 2 ЛИТРИ АЛКОХОЛ ДО 22%
- 1 ЛИТАР АЛКОХОЛ НАД 22%
Дозволен внес и изнес на пари во готовина:
- ПРИ ИЗЛЕЗ ДО 2.000 €
Износот од 2-10.000 € треба да го пријавите и да приложите доказ за потекло од банка или менувачница
- ПРИ ВЛЕЗ ДО 10.000 €
Секој износ над 10.000 евра треба да се пријави.
Дозволен внес на парфеми:
- ПАРФЕМИ ДО 50 МИЛИЛИТРИ
- ТОАЛЕТНА ВОДА ДО 250 МИЛИЛИТРИ
Дозволен внес на стока од некомерцијална природа:
СТОКАТА* КОЈА ЈА ВНЕСУВАТЕ ОД СТРАНСТВО ВО ВРЕДНОСТ ДО 350 € Е ОСЛОБОДЕНА ОД ПЛАЌАЊЕ НА УВОЗНИ ДАВАЧКИ, ДОКОЛКУ ИСТАТА Е ОД НЕКОМЕРЦИЈАЛНА ПРИРОДА
* (со исклучок на алкохолни пијалоци, преработки од тутун, парфеми и тоалетна вода)
Пренос на миленици:
За секој домашен миленик сопственикот треба да има:
- ПАСОШ
- ВЕТЕРИНАРНО-ЗДРАВСТВЕН СЕРТИФИКАТ