ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Во јужна Европа повеќе од 40 степени во наредните денови

July 13, 2023 15:53
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Топлотниот бран зафати делови од јужна Европа и северозападна Африка, а се прогнозира дека во овие делови од светот во наредните денови ќе бидат забележани рекордни температури.

Се очекува температурите да надминат 40 степени Целзиусови во делови од Шпанија, Франција, Грција, Хрватска и Турција, јави Би-Би-Си.

Во Италија температурите би можеле да достигнат и до 48,8 степени, а црвено предупредување е издадено за десет градови, меѓу кои Фиренца и Рим.

Маж на околу четириесет години почина од топлотен удар во северна Италија во вторникот. Италијанските медиуми објавија дека тој фарбал пешачки премин во градот Лоди, во близина на Милано, пред да колабира од жештината. Работникот бил префрлен во болница, каде подоцна починал.

„Се соочуваме со неподнослив топлотен бран“, напиша италијанскиот политичар Никола Фратојани на Твитер.

Неколку туристи во земјата колабираа поради топлотен удар, меѓу кои и еден Британец пред Колосеумот во Рим.

Се предвидува дека топлотниот бран Керберо, како што го нарече италијанското Метеоролошко друштво по троглавото чудовиште на грчката митологија, опишано и во Дантеовиот пекол, ќе предизвика екстремни услови во следните неколку дена.

Највисоки температури се очекуваат утре.

Во Прага во сабота се очекува да биде околу 36 степени, што е значително повисоко од просекот од 24 степени за јули.

Највисоката температура во Европа од 48,8 степени е забележана во близина на Сиракуза на италијанскиот остров Сицилија во август 2021 година.

Повеќе од 60.000 луѓе починаа во Европа како последица на горештините минатата година. Се стравува дека овој топлотен бран може да предизвика уште многу смртни случаи ова лето.

Топлотен бран е период во кој температурите се повисоки од очекуваните за тој период од годината.

Експертите наведуваат дека периодите на екстремно топло време зачестуваат и дека поради климатските промени нормално е да се забележат рекордни температури.

Tags: јужна европанад 40 степенитопло
Next Post

Украинската амбасада со реакција за вандалскиот чин во паркот „Украина“ во Чаир: Желбата да се почитува споменот на своите херои не може да се поврзува со уцена и со вршење на вандалски чинови

EVN

НАЈНОВО

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026
Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk