Обилните врнежи во Јужна Кореја доведоа до откажување на повеќе од сто летови и илјадници домови без струја.
Откажани се повеќе од 130 летови, а до 17 часот одложени се околу 270 летови.
Прекини на струја се регистрирани во повеќе од 4.000 домаќинства во главниот град Сеул, а повеќе од 130 лица се евакуирани низ целата земја, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Се додава дека едно лице е исчезнато, а друго е повредено поради обилните дождови.