„Поддршка од сите доаѓа за реализација на единствениот план кој го имаме, а тоа е завршување на уставните измени, продолжување на преговорите со ЕУ и членство на Северна Македонија во 2030 година. Секоја партија и секој политичар којшто ќе се спротивстави на овој план ќе носи историска одговорност за евентуален негов неуспех“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Гласот на Америка“.
Тој додава дека до ноември има време целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ или барем дел од неа да се убеди да гласа за предлогот на уставните измени, бидејќи е премногу е голем влогот за да се изгуби оваа шанса.
„Треба и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и партијата да дадат одговор зошто работат на тоа да оваа шанса ја пропуштиме, бидејќи наредната година или таа после неа, бидејќи ќе имаме друг контекст, а ние веќе ќе задоцниме во однос на она како ќе се движи целиот регион а веќе и доцниме. 17 години чекавме да ги почнеме преговорите, немаме веќе време ниту ден за губење“ смета Маричиќ.
Вицепремиерот истакнува дека ја имаме поддршката од САД на патот кон ЕУ и дека не треба да смислуваме план Б на патот кон ЕУ, туку да ја искористиме оваа шанса која ја имаме.