ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Турците, Бошњаците и Ромите се за интеграција: Пратениците на етничките заедници да го напуштат бавниот воз на Мицкоски

July 18, 2023 12:21
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претставници на турската, босанската и ромската заедница за Фронтлајн велат дека единствениот пат за просперитет на Северна Македонија е тој кон Европската Унија. Велат дека што поскоро треба да се гласаат неопходните уставни измени, за воведување на бугарската заедница и на некои други заедници во Преамбулата на Уставот.

Претставниците на овие три заедници ги повикуваат помалите партии и помалите етнички заедници кои се во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, да се дистанцираат од изолационистичките мислители на Христијан Мицкоски, да се откажат од неговата изолационистичка политика и да размислуваат во интерес на државата и на граѓаните.

Енес Ибрахим
Енес Ибрахим

Енес Ибрахим, претседател на партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП), за Фронтлајн изјави дека сите анкети потврдуваат дека турската заедница во Република Северна Македонија недвосмислено дава поддршка за брза ЕУ интеграција.

„Кога ќе ја погледнеме опозиционата коалиција очигледно е дека освен ВМРО-ДПМНЕ не се истакнува ниту една друга политичка партија која има свој автентичен став, туку гледаме поединци кои слепо и немо се припојуваат кон реториката на ВМРО-ДПМНЕ и тоа само поради свои лични интереси и политички калкулации. Од друга страна треба да се истакне дека во опозициониот блок и нема пратеник од турската заедница, а и не гледам некоја зрела и сериозна политичка структура од турската заедница која во моментов се наоѓа во таа коалиција. Сите сондажи потврдуваат дека турската заедница во Република Северна Македонија недвосмислено дава поддршка за брза ЕУ интеграција, оттука сите обиди за поинакво толкување на фактичката состојба е само евтино политиканство кое се граничи со дилетантизам“, нагласи Ибрахим.

Сметам, подвлече тој, дека се наоѓаме во една ситуација каде што единствено разумно решение е брзо носење на уставните измени со што конечно ќе ја елиминираме и последната пречка на патот кон ЕУ, секое одлагање е саботажа на децениските стратешки цели на нашата земја, која ќе резултира со изолација.

„Крајно време е сите политички субјекти да сфатат дека лошите соседски односи, изолацијата и погрешните одлуки во минатото ни потрошија драгоцени години, избркаа многу млади луѓе од својата татковина. Затоа, уште еднаш упатувам апел до сите мои колеги пратеници, да постапиме одговорно, чесно, рационално и да донесеме државнички одлуки кои ќе ги отворат портите на ЕУ. Доколку опозицијата се вклучи и соработува во овој процес ќе го зголеми коалицискиот капацитет, во спротивно повеќе од очигледно ќе биде дека се анти-ЕУ настроени и тешко ќе можат да сметаат на соработка со прогресивните политички партии“, вели Енес Ибрахим.

Џелал Хоџиќ
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ, претседател на Странка на демократска акција на Македонија (СДА),  истакна дека политичарите кои се обидуваат да нѐ уплашат со некаква “бугаризација” би требало да ги стават државните над партиските интереси или да излезат јавно и пред гласачите да кажат дека се против зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ.

„Овој момент е важен да се искористи, затоа што после агресијата на Русија врз Украина, можеме да кажеме дека постои поголема свест кај нашите пријатели од Западот, за што побрзо интегрирање на државите од Западен Балкан во ЕУ. Веќе имаме јасни пораки дека вратите на ЕУ повторно се отвараат и ако навремено се завршат реформите, може да се надеваме на членство во ЕУ до 2030 година. Република Северна Македонија треба да го избегне сценаријото во кое ќе го пропушти возот за ЕУ со Црна Гора и Албанија, па ќе остане во друштво на Србија, БиХ и Косово. Така еднаш ја испуштивме Хрватска. Кај е денес Хрватска, а каде заостанавме ние? Во 2005 година бевме рамо до рамо со Хрватска“, изјави Хоџиќ за Фронтлајн.

Елвис Шаќири
Елвис Шаќири

Елвис Шаќири, извршен директор на Институт за истражување и анализа на политики – „Ромалитико“, вели дека и ромските општествени фактори вклучувајќи ги политичките партии од двата спектри, невладините организации и сите други групи едногласно ќе ги поддржат уставните измени затоа што Ромите се европски граѓани и се сѐ поблиску до остварувањето на европскиот сон. За Ромите никогаш немало ниту ќе има алтернатива на интеграцијата на државата во Европската Унија.

Нашето макотрпно заложување и лобирање за Европска иднина се остварува со видливи резултати. Ромските граѓански организации постојано се во контакт со Брисел и застапуваат за реформите потребни за да Република Северна Македонија денес биде со статус кандидат за приклучување кон Европското семејство. Истото треба да го направат и ромските политички партии за надминувањето на предизвикот за интеграција на државата во Европската Унија. Ромските политички партии треба да ја разберат потребата за одлучност и единство за гласање на уставните измени кои претставуваат главна и единствена кочница за интеграција предизвик а со тоа се свесни и лојални на идејата за интеграцијата на државата во Европската Унија“, вели Шаќири за Фронтлајн.

Од друга страна, земјите членки на Европската Унија побараа од Северна Македонија што поскоро да ги одобри уставните измени за да се отвори патот за разговори за членство.

Оваа порака до македонските власти им ја пренесоа државниот секретар на Франција, Лоренс Бун, германската министерка за Европа, Ана Леерман и полскиот министер за Европа, Шимон Шинкоески. Тројцата високи функционери на земјите-членки на ЕУ при посетата на Скопје порачаа дека процесот за влез во ЕУ не може да започне или да се заврши без исполнување на условите, пред сè уставните измени.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk