Загрепчани шокирани од страшното невремето со катаклизмички димензии што го зафати градот денес попладне. Силен ветер носеше се пред себе. Покривот на зграда во населбата Шпанско е разнесен како да е од хартија, пренесува Дневник.хр.
По страшното невреме кое го опустоши Загреб, сите служби се на терен, пожарникари, полиција и брза помош. Се уште нема официјални податоци за штети и повредени, но како што неофицијално дознава Јутарњи лист, на улицата „Баруна Филиповиќ“ паднал кран и дека службите се обидуваат да извлечат маж од него. Неофицијално дознаваме дека мажот завршил во болница со полесни повреди.
Полицијата го блокирала преминот за автомобили и пешаци кај Лауба. Огромни парчиња од кранот лежат на средината на улицата. Работниците на градилиштето ги тераат луѓето викајќи дека на коловозот има истекување на плин и дека постои можност да се урне долниот дел од кранот кој останал да стои.
Сообраќајот во главниот град е во колапс бидејќи патиштата се блокирани од дрвја и гранки. Дирекцијата за цивилна заштита соопшти дека за 45 минути примила повеќе од 700 повици.
Д. Мишев
Извор: ЦИВИЛ Медиа