ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Не станува збор за политичка пресметка, во борбата против криминалот нема да биде поштеден никој

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против 15 физички лица и три правни лица за неколку кривнични дела – „злосторничко здружување“, „даночна измама“ и „перење на пари и други приноси од казниво дело“. Се работи за финансиски криминал во кој се вклучени лица и од УЈП, бизнисмени, сметководители, лица коишто практично создале едно вакво криминално здружение, а чија цел била на нелегален начин да испумпаат пари од државниот буџет, пари од граѓаните на Република Севеерна Македонија и да ги искористат за свои цели.

July 19, 2023 17:58
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Не станува збор за некаква политичка пресметка, изјави попладнево министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за истрагата покрената против 15 физички и три правни лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари. Меѓу приведените е и поранешниот заменик директор во дирекцијата на Управата за јавни приходи во Скопје и член на ДУИ, Исмет Гури.

– Апсолутно ниту може да стане збор за каква било политичка пресметка заради тоа што единствено нешто од кое што се води МВР и ЈО е да се бориме против криминалот и корупцијата. И борбата против криминалот и корупцијата не може во ниту еден момент да се заснова на каква било припадност на било кого – дали е тоа верска, национална, политичка или која било друга заради тоа што криминалот не познава вакви граници, а ние сме тука за да ги обезбедиме пред се средствата на граѓаните, изјави Спасовски за телевизија „Сител“.

Според него, нема поголем престап од тоа да се злоупотребат буџетски средства што се собираат од данокот што го плаќаат граѓаните.

Од овој аспект, како што рече, апсолутно нема потреба, ниту можност да се навлегува во какви било квалификации дали се тоа политички или какви било други.

-Ова е предмет којшто уште еднаш ја покажува цврстата определба на МВР, на раководството за борбата против криминалот и корупцијата од која што нема да отстапиме и од која што нема да биде поштеден никој, без разлика кој е, што е, на каква позиција се наоѓа – дали бил близок со еден или со друг заради тоа што посилен не може никој да биде од Република Северна Македонија, нагласи Спасовски.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против 15 физички лица и три правни лица за неколку кривични дела – „злосторничко здружување“, „даночна измама“ и „перење на пари и други приноси од казниво дело“.

Како што посочи Спасовски, се работи за финансиски криминал во кој се вклучени лица од УЈП, бизнисмени и сметководители чија цел била на нелегален начин да испумпаат пари од државниот буџет. Штетата направена на Буџетот е околу 840 илјади евра. Дел од овие финансиски средства, како што посочи Спасовски, биле искористени за купување на недвижнини.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: даночна измамаМВРСпасовски
Next Post

Спонзорот на Мицкоски на црна листа на САД поради корупција

НАЈНОВО

Судот на правдата на ЕУ: Ударот од гром во авион е оправдана причина за големо задоцнување

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
куче

„Лајка“ полни 5 години: Вдомете куче и почувствувајте го пулсот на хуманоста

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk