Екстремните топлотни бранови во Европа, Северна Америка и Азија соборија рекорди во градовите околу северната хемисфера помалку од две недели откако Земјата ги забележа, како што велат научниците, најверојатно нејзините најжешки денови во модерната историја.
Како што пренесува Њу Јорк Тајмс, температурите, кои погодија толку голем дел од светот одеднаш, беа потсетник дека климатските промени се глобална криза, поттикната од силите создадени од човекот: емисиите на гасови кои ја задржуваат топлината, главно предизвикани од согорувањето на фосилните горива. Враќањето на Ел Нињо, циклична временска шема, исто така има широки ефекти врз времето ширум светот.
Планетата се загреа околу два степени целзиусови од 19 век и ќе продолжи да расте се додека луѓето не престанат да согоруваат јаглен, нафта и гас, велат научниците. Повисоките температури придонесуваат за екстремни временски настани и помагаат периодите на екстремни горештини да бидат почести, подолги и поинтензивни.
Во опасната зона се наоѓа Иран, каде индексот на топлина во последните денови достигна 66 степени целзиусови, блиску до границите на она што нормално може да го издржат здравите луѓе.
Во Европа, официјалните лица во многу градови воведоа станици за ладење. И имајќи ја предвид опасноста – повеќе од 61.000 луѓе загинаа во топлотните бранови минатото лето, според една неодамнешна студија – тие ги повикаа посетителите и жителите да останат внатре во најжешките часови во денот. Работниците со ниски примања се особено ранливи.
Во меѓувреме, во Европа, делови од Франција и Шпанија во вторникот го достигнаа рекордот на сите времиња во екстремен настан познат како топлотниот бран Серберус. Жирона, во шпанската област Каталонија, достигна рекордно високо ниво од 45 °C (113 °F), додека Верден во североисточна Франција достигна 40,6 °C (105 °F) за прв пат досега, пренесува Аксиос.
UNBELIEVABLE 45 DEGREES IN CATALUNYA.
The heat event is absolutely historic and it’s shattering records with huge margin in dozens stations.
History is being rewritten today between Spain and France.
List and map from https://t.co/6g2EPez9fG pic.twitter.com/GhG9hI66DP— Extreme Temperatures Around The World (@extremetemps) July 18, 2023
„Топлинскиот настан е апсолутно историски и урива рекорди со огромна маргина на десетици станици“, објави на Твитер, климатологот Максимилијано Херера кој ги бележи температурните рекорди .
Топлотните бранови доаѓаат во период кога глобалните просечни температури на површината достигнаа највисоко ниво во текот на јули, за кои научниците велат дека веројатно се највисоките нивоа во најмалку 125.000 години.
Веб платформата Семафор објави неколку извештаи и анализи за тоа како огромни делови од светот се борат со топлотните бранови во исто време.
Глобалните алармни ѕвона треба да бијат за зголемените температури на океаните, топлотните бранови и шумските пожари низ целиот свет. Без интервенции, Меѓувладиниот панел на ОН за климатски промени очекува земјината топка да се загрее за 3 степени Целзиусови (5,4 степени Целзиусови) над прединдустриските нивоа – но „не знаеме што е новото нормално“,
Фридерике Ото, климатски научник за Вашингтон пост изјави:
„Новото нормално ќе биде она што е кога ќе престанеме да согоруваме фосилни горива … и ни приближно не сме стигнати да го направиме тоа“.
Климатските промени често се чувствуваат многу далеку, а потоа, одеднаш, катастрофата доаѓа, буквално, блиску до дома. Дејвид Гелс, автор на билтенот Climate Forward, ги опиша разорните поплави кои ја погодија куќата на неговото семејство во долината Хадсон во Њујорк.
„САД никаде не се подготвени за закана од катастрофални поплави, особено во области далеку од реките и крајбрежјето“, напиша тој во Њу Јорк Тајмс
Италијанската веб-страница за временска прогноза – iLMeteo го нарече европскиот топлотен бран Кербер, повикувајќи се на триглавото куче чувар на подземјето во античката грчка митологија. Иако името се најде на насловните страници низ Европа, некои критичари стравуваат дека називот ја отстранува сериозната закана што ја претставува топлотниот бран. ILMeteo, сепак, е познат по своите привлечни прекари на екстремни временски настани, нарекувајќи го топлотниот бран од 2017 година „Луцифер“
Италија е во центарот на она што беше наречено „топлинска бура“, а туристичките водичи во Рим опишаа случаи на посетители кои се онесвестиле на турнеите. Во Шпанија, илјадници луѓе беа евакуирани на островот Ла Палма откако избувна шумски пожар.
Температурите достигнаа 52,2 степени Целзиусови (126 степени Фаренхајтови) во неделата во Кина. Урна рекорди во Санбао, населено место во Ксинџијанг. Пред само шест месеци, регионот забележа минимум од -50 Целзиусови степени. Неделните горештини го соборија последниот рекорд поставен во 2015 година, од 50,3 степени Целзиусови (122,54 Фаренхајти).
Топлотниот бран што го зафати Тексас со недели доведе до десетици смртни случаи, вклучително и еден 67-годишен маж од Хјустон кој живее во дом без клима уред, објавија локалните вести.
Подготви: Д. Мишев / Цивил Медиа