ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Герасимовски: Инспекциската служба на Центар ги лови сите неправилности, неверојатни резултати за последните 6 месеци

July 19, 2023 12:19
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Секторот за инспекциски работи при Општина Центар бележи зголемен обем на работа и зголемен број на донесени записници, акти и барања за поведување на прекршочни постапки согласно програмата за работа. Според шест месечната анализа на Секторот во периодот од 01.01.2023 до 30.06.2023 година биле донесени 235 записници во кои спаѓаат редовните, вонредните и контролните надзори од страна на инспекторите наспроти истиот период минатата година кога тој број изнесувал 95 записници. Што значи дека за шест месеци Општина Центар има донесено 140 записници повеќе. Градоначалникот на општината Горан Герасимовски најави дека ќе продолжи спроведувањето на зачестените инспекциски контроли со цел почитување на законите и решавање на проблемите на граѓаните.

„Ветив чести инспекциски контроли во сите сегменти на локалната самоуправа за што сведочат и овие бројки од шестмесечниот извештај од Секторот за инспекциски работи. Колегите на терен ја евидентираа секоја неправилност која треба да се исправи од страна на прекршителите и тоа мора да важи за сите. Граѓаните заслужуваат правда и хумано живеење. Прекршувањето на законите важи за сите нас затоа во Општина Центар ќе настојувам тоа да се применува“, смета Герасимовски.

Според изготвениот извештај од Секторот за инспекциски работи во работата на комуналните редари изречени се 122 прекршочни платни налози наспроти „0“ изречени прекршочни платни налози за минатата година. Исто така од страна на инспекторите поднесени се и 69 барањата за поведување прекршочни постапки наспроти „0“ поведени прекршочни постапки за истиот период минатата година. Има зголемување и во однос на донесени решенија од страна на инспекторите 81 наспроти 57 минатата година.

Во рамки на Секторот за инспекциски работи ангажирани се 1 комунален инспектор и 3 комунални редари, 1 градежен инспектор, 1 инспектор за домување и 1 инспектор за животна средина. Со овие ресурси и доброто менаџирање Секторот покажува високи резултати при евидентирање на неправилностите и постапување по истите.

Општина Центар известува дека засилените надзори и контроли ќе продолжат и во следниот период со цел граѓаните да внимаваат на пропишаните правила и законски одредби.

„Секој оној кој нема да ги почитува и ќе направи било какви отстапки ќе биде санкциониран“, дециден е Герасимовски.

Tags: ГерасимовскиОпштина Центар
Next Post

Говорот на омраза посилен од атомска бомба

Shortcut

Најново

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

August 31, 2026

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk