ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Може ли договорното производство да им помогне на земјоделците? Експертите велат дека тоа е идеално решение особено по големата неизвесност со цените и скапите семиња и ѓубрива

July 20, 2023 21:09
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО

Климатските промени, пандемијата, како и војната во Украина во последните неколку години им ја отежнаа работата и на земјоделците. Дополнителен проблем се и цените на берзите кои никако да се стабилизираат, особено затоа што цените на суровините, семињата како и нафтените деривати нагло пораснаа. Сето ова доведе до преголеми количини на залихи во некои земји, додека премалку во други, а трговската размена се потешко се реализира и се повеќе чини.

Нашата земја, иако погодена од сите овие фактори, сепак успешно опстојува благодарение на фактот што сама си го произведува поголемит дел од храната, но неизвесноста со трошоците и цените на земјоделските производи постојано ги мачат земјоделците и тие се доведени до ситуација да не знаат по која цена ќе го продадат нивниот производ и дали трудот ќе им се исплати.

Поради сите овие фактори, Владата и министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, неколку години по ред излезе во пресрет со интервентни мерки за помош на земјоделците, но на долгорочен план подобра опција е договорното производство, каде што се произведува според потребите на нарачателот, фирмите и компаниите кои се занимаваат со преработка на земјоделски производи или однапред имаат обезбедено извоз на истите, сметаат експертите. Во зависност од договорот, компаниите помагаат и со набавката на семињата, ѓубривата, а откупната цена однапред е определена за да производителот знае дали неговата работа ќе му биде исплатлива или не, и во зависност од тоа дали ќе склучи договор.

Досега има многу такви иницијативи за договорно производство на сончоглед, маслодајна репка, корнишони, бессемена лубеница, органска пиперка ајварка, лук и модар патлиџан и неколку веќе реализирани договорни производства.

Во 2022 година производството на сончоглед благодарение на договорното производство беше двојно зголемено и достигна највисока откупна цена од 35 денари по килограм.

-Кај откупенот сончоглед со околу 13.000 тони во 2022 година на ожнеана површина од 8.000 хекатри, бележиме голем успех, затоа што тоа е за 7.900 тони повеќе од 2021 година, кога биле откупени 5.100 тони сончоглед. Податоците на Платежната агенција исто бележат успешни бројки, каде за директните плаќања имаме 1.386 пријавени корисници за 2022 година, додека во 2021 година тој број бил 967 корисници. За повеќе од 106% се зголемени и пријавените површини со сончоглед каде за 2022 имаме пријавени 5.484 хектари, а во 2021 година бројката била 2.653 хектари. Дека го постигнавме очекуваниот ефект кај сончогледот говорат и бројките за намаленот увоз на сончоглед во 2022 со само 1000 тони, споредбено со 4000 тони во 2021 година. Вкупно во 2022 година извезени се 131 тон сончоглед што потврдува дека успеавме во целта и целото домашно прозодство на сончголед го задржавме во домашните капацитети, откри министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Исто така за сончогледот беше обезбедена и дополнителна поддршка. Сите земјоделци производители на сончоглед добиваат основна директна субвенција од 6.000 денари по хектар и дополнителна субвенција по принос од 6.000 денари. За оние производители кои користат и сертифициран семенски материјал обезбедена е поддршка од 4.500 денари.

Со поддршка на Програмата за зголемување на пазарната вработливост – И.М.Е  се организираше и договорно производство на органска пиперка – ајварка, модар патлиџан и лук. Исто така и за овие производители се определени повисоки субвенции затоа што склучуваат договор со откупувачот и родот го предаваат во домашни капацитети.

Годинава компанијата „Fresh line“ склучи договори за производство на бессемена лубеница со заинтересираните производители.

Според договореното откупот на произведената лубеница ќе се врши по однапред утврдена цена од 10 денари за килограм. Оваа откупна цена е загарантирана со самиот договор, но може да биде и повисока зависно од моменталната цена на берзата во време на берба, велат од компанијата. Во интерес на земјоделските производители, обезбедено е регрес семе, а имаат и поддршка во едукација и други сугестии во текот на производството.

Откупната цена може да биде и повисока, но доколку падне на помалку, или 3 – 4 денари за килограм, како што се случи во некои години, компанијата не може да им исплати на земјоделците помалку од 10 денари.

Производството на бессемена лубеница за потребите на оваа компанија се врши на околу 35 хектари распределени во три региони во Македонија, Валандовски, Струмички и Штипски, со цел да се добие производ во текот на целата сезона, односно почнувајќи од 15-20 јуни до крајот на август.

-Бессемената лубеница е многу прифатена на западните пазари. Тоа се веќе софистицирани пазари каде што вредноста на потрошувачката и потрошувачката кошничка на тамошните домаќинства е поголема и бараат производи коишто се поспецифични и поинтересни за консумирање. Бессемената лубеница е идеален производ за тие пазари, изјави Борис Шуперлиски, кој ја согледал потребата од овој производ и е иницијатор на производството на овој производ.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согледувајќи ја предноста на Договорното производство во своите нови политики и мерки, особен акцент става на Договорното производство и на тој начин делува мотивирачки на двете страни. Земајќи ги предвид законските можности, се настојува да се зголеми директната поддршка на земјоделските култури, кои ќе бидат дел од Договорно производство.

За Ленче Николовска, директорката на консултантската компанија „Агротим“, договорното производство е многу важно и значи враќање на довербата меѓу производителите и преработувачите. „Агротим“ доби и признание од Здружението на земјоделци „Современо земјоелство“ за афирмација на договорното производство, едукација и информации за земјоделците и агробизнисмените.

– За договорно производство зборувам веќе подолго време како најсигурно за земјоделците и откупувачите, но и за државата бидејќи на тој начин имате сигурна домашна суровина, зголемување на домашното производство, намален увоз и трговски дефицит. Ситуацијата која ја наметнаа ковид кризата и војната во Украина само ја потврдија важноста на домашното производство на храна. Со договорното производство може да се има целосна слика за тоа што ни е потребно како држава, што можеме дома да произведеме, а со тоа и да се програмираат мерките на Владата кон поддршка на она производство кое веќе има договорено откуп. Заврши веќе времето на стихијност, да се сее или сади без претходно обезбеден пласман. Едноставно новото време не трпи повеќе неизвесност и барање од државата помош за пласман, затоа и новиот модел на субвенционирање го форсира договорното производство. Е тука недостига уште враќање на довербата меѓу земјоделците и откупувачите, а како медијатор мора да се јави министерството при договарање но и почитување на договореното, изјави Николовска.

-Нашето позитивно искуство со Договорното производство на органска пиперка и бессемената лубеница покажа дека сепак играта ја водат преработувачите. Од нивниот интерес зависи и успешноста на целиот процес. Се надевам дека се повеќе ќе се настојува во иднина на развој на овој модел на производство кој има поддршка од „Агротим“, порача Николовска.

Извор: Бриф

Tags: ѓубриваекономијаземјоделциСемиња
Next Post

Уставните измени почнаа да истекуваат како песок во собранискиот песочен часовник

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk