ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Училишниот хор и оркестар на ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ блескаа на фестивалот за народни песни и ора во Монтекатини Италија

July 20, 2023 12:37
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската музичка експедиција на хорот и оркестарот на ООУ „Кузман Јосифовски Питу заблеска на сцената на Монтекатини Терме, Италија“. Диригирани од наставничката по музичко, проф.Вера Ангеловска настапија на 11-от Интернационален фестивал на народни песни и ора, насловен под мотото „Претстави ја својата традиција“.

Со поддршка од Министерството за култура, овие наши талентирани ученици, беа вистински млади културни амбасадори на својата земја, дословно претставувајќи ги македонските традиционални обичаи и народни песни на два одржани концерта.

Со својата детска раздраганост и ведрина, хорот и оркестарот изнудија аплаузи на централниот плоштад во Монтекатини Терме, каде се слушнаа нашите познати македонски изворни песни „Јовано Јованке“ и „Македонско девојче“, а ги прикажаа и обредните (обичајни) песни од народната македонска лирика „Водичарки“ и „Невестинска песна“.

Интересно е што граѓаните на овој прекрасен италијански град, како и туристите, не ги криеја симпатиите кон македонската експедиција и за време на парадата која беше составен дел од официјалното отворање, довикуваа „Мачедоне“, „Мачедоне“… Во публиката имаше и Македонци од околните италијански гратчиња, кои специјално беа дојдени за да им дадат поддршка на нашите ученици, а самата атмосфера направи да запеат заедно со македонскиот хор. Се вееше македонското знаме на улиците на Монтекатини, како официјален симбол на нашата делегација, но, се вееше и во рацете на Македонците во публиката.

Настапот на отворањето на овој престижен музички фестивал ќе остане запаметен, по тоа што официјално бевме најбројна група која настапила на досегашните единаесет фестивали под мотото „Meet the tradition“ и единствена група која ја сочинуваат исклучиво ученици од основно училиште. На фестивалот учествува културно-уметнички друштва, музички групи од повеќе земји и тоа Северна Македонија, Турција, Бугарија, Словачка, Полска, Литванија, Естонија, Израел и Ирска.

Tags: ИталијаООУ „Кузман Јосифовски Питу“фестивал за народни песни и орахор и оркестар
Next Post

Лога очекува Уставниот суд да ја отфрли иницијативата на Левица за Законот за матична евиденција

EVN

НАЈНОВО

Мицкоски за Венецуела: Апсолутно стоиме до потезите на САД

January 4, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски вели задоволни биле и тутунарите и откупувачите, тутунот се откупувал по највисока цена досега

January 4, 2026

СДСМ: Планот „избори па мигранти“ постои, Мицкоски самиот го потврди

January 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Космичка илустрација со цел зодијачки круг и симболика на нова астролошка година 2026

    Голем годишен хороскоп 2026 со Анаис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Како се проширил пожарот во швајцарскиот бар, проблеми со евакуацијата – Што досега се знае

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 3 и 4 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викторија Бекам испрти јасна порака до одметнатиот син Бруклин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од денеска граѓаните ќе плаќаат повисока цена на струја, евтината дневна тарифа како и досега

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk