ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Битиќи: Растот на платите во јавниот сектор нема да биде на товар на стопанството, стапката на инфлација ќе продолжи да биде едноцифрена

July 21, 2023 18:38
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Стоиме на ставот дека Данокот за солидарност треба да се донесе, исто како што минатата година слични решенија се случија и во други земји во Европа и сметам дека после четири години поддршка од страна на државата и граѓаните, сега овие компании околу 150 на број, можат да си дозволат еднократно да платат данок кој ќе се искористи исклучиво за антикризни мерки за граѓаните, порача потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи за Блумберг Адриа.

Во поглед на растот на платите во јавниот сектор, тој посочи дека тоа нема да доведе до зголемување на буџетскиот дефицит, ниту до нови трошоци за стопанството.

„Проектиран е растот на платите во јавен сектор со ребалансот кој ќе се направи во септември, буџетскиот дефицит нема да се зголеми. Тоа не значи дека ќе има дополнителни трошоци или товар на стопанството. Ова е постигнување на решение за платите во јавен сектор и ставање ред на платите во јавен сектор. Во изминатиот период во јавниот сектор во државата се дефинирани преку 200 законски или подзаконски акти и сметам дека тоа не е одрживло затоа што има различни позиции низ различни институции кои што некогаш можеле да бидат навистина со големи разлики платите. Решението кое го дадовме а тоа е зголемувањето на платите во септември од 10%,дополнително регресот, се само работи кои покажуваат дека ние сме детерминирани да најдеме решение за достоинствени плати за сите кои работат во јавниот сектор. И со тоа да ја зголемиме продуктивноста на работните позиции во јавниот сектор“ истакна Битиќи.

Потпретседателот Битиќи истакна дека економските политики на СДСМ даваат резултат во намалувањето на стапката на инфлација, која е намалена и веќе е едноцифрена.

„Тоа што го имавме најавено, дека втората половина на 2023 ќе ја дочекаме со едноцифрена стапка на инфлација го постигнвме и сметам дека треба заеднички да продолжиме во таков начин на следење на следните чекори за конечно во 2024 година да се вратиме на нормалното функционирање. Инфлацијата до крајот на годината мислам дека ќе стигне пониско од 6% но сумарно за цела година јас останувам оптимист на проекциите дека ќе се движи некаде околу 8 до 9 отсто“ заклучи Битиќи.

Tags: Битиќиплати
Next Post

Мицкоски уште во 2021 година потврди дека си имал работа со Орце Камчев

НАЈНОВО

Дијана Хрка објави дека го прекинува штрајкот со глад

November 17, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Орбан продолжува со цинизмот: Ја спореди итната помош за Украина со „воткa за алкохоличар“

November 17, 2025

Неизвесно снабдувањето со гориво во Србија по 1 декември

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk