Пристанишната управа на грчкиот остров Родос продолжува да ги евакуира жителите и туристите по морски пат од плажите во Лардос и Киотари, источната страна на островот е отсечена од голем шумски пожар, а патниот сообраќај е во прекин, јавува атинското радио СКАИ.
Горат три хотели во областа Киотари во јужниот дел на Родос, кои претходно денеска ги напуштија туристите, објавија грчките медиуми.
Пожарот на Родос избувна пред пет дена и сега е надвор од контрола.
Во евакуацијата учествуваат четири бротчиња на крајбрежната стража, а во готовност е и еден приватен авион.
Images impressionnantes sur l’île de #Rhodes, évacuations à pied de centaines de personnes, dont des touristes, en raison d’incendies hors de contrôle. #Ροδος #Grèce
pic.twitter.com/F6Lq5rqlTZ— Romain Chauvet (@RomainChvt) July 22, 2023
Надлежните преку СМС пораки ги известуваат жителите да го напуштат селото Асклипио и округот Киотари, а претходно и селата Лардо и Пилона.
Борбата со огнената стихија на Родос продолжува во областа Лаермос и Лардос, каде огнот беснее неконтролирано, пренесува СКАИ.
Поради пожарот електричната енергија е исклучена во неколку области на островот.
Денешната ситуација се смета за особено тешка поради силниот ветер.
Портпаролот на пожарникарската служба на Грција, Јанис Артопиос изјави дека пожарот на Родос е најтежок со кој се соочуваат пожарникарите, нагласувајќи дека во зафатените области се ангажирани 173 пожарникари, 10 волонтерски групи, 35 возила, пет хеликоптери, три авиони, како и 31 пожарникар од Словачка со пет пожарникарски возила.
Г. Т.