ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Азири: Вистинската опција се НАТО и ЕУ, другите опции се злоупотреба на граѓаните за други интреси

July 25, 2023 13:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Треба да целиме кон нашиот пат во ЕУ. Ова е нашата писта и  нашиот пат. Секое одбивање или неподржуваме на овој пат, ќе го наруши тоа што сме го постигнале, истакна денеска пратеникот на Алијансата за Албанците Ељми Азири седницата на Комисијата за уставни прашања.

-Без кохезијата нема да имаме државен поредок. За жал ние денес демонстрираме недостиг на капацитетите за преземање одговорности. Прашањата кои се потешки секогаш се решавани со продуктивни компромиси и ние сме подготвени за тоа, но за жал тие што денес импровизираат лажни борби за својот идентитет не се подготвени да го направат тоа за нас. Вашингтон и Брисел се двата најголеми центри и нашите цели треба да се насочени кон нив. Идентитетот се негува во институциите, а се легитимира на меѓународно ниво, рече Азири.

Тој нагласи дека вистинската опција во согласност со историските тенденции се НАТО и ЕУ и другите опции, според него, се само демонстрирање на злоупотреба на граѓаните за други интреси.

-Вистинската опција во согласност со историските тенденции е токму ова – НАТО и ЕУ, Вашингтон и Брисел. Другите опции се само демонстрирање на злоупотреба на граѓаните за други интереси. Брисел се огласи дека нема интервенции во преговарачката рамка и Вашингтон исто така. Тие дадоа гаранција дека нема да има други пречки од страна на Бугарија и затоа стравот, кој се поттикнува кај граѓаните не е реален. Во секој историски процес, народот имал криза на идентитет, бидејќи традицијата се прекинува во однос на историските насоки. Ја разбирам сензитивноста заради идентитетот, меѓутоа полека, ден по ден  секој народ ќе го изнајде патот за консолидирање на идентитетот. Сите треба да бидеме свесни за времето во кое што живееме. Негативните одлуки ќе не доведат во други димензии, кои што ние како држава можеби немаме капацитет да ги надминеме. Тие што го одбиваат предлогот беа против Охридскиот договор, против децентрализацијата, против законот за фискална децентрализација и за жал продолжуваат да бидат против сите демократски опции, кои се согласно европските вредности, рече тој.

Азири потенцира дека во јавноста се создава конфузија и се користи терминологија, која предизвикува хаос, што според пратеникот е далеку од реалноста.

-Јас како Албанец од Северна Македонија нема да барам ништо повеќе од моите сограѓани Македонци, освен тоа што веќе го правам за заштита на идентитетот на македонскиот народ и истото да го направат и за нас Албанците. Сметам дека нема да имаат друг избор освен прифаќање на реалноста. Некој кој претендира да ја отфрли оваа реалност, тоа е нешто друго, рече пратеникот Азири.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Ељми Азириуставни измени

НАЈНОВО

Гаши најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

July 7, 2025
Маркет. Фото: Фронтлајн

Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

July 7, 2025
Фотографија: Министерство за одбрана на Азербеџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk