ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Продолжуваат заканите кон новинарката Бехадини: „Ќе те запалам со бензин, ќе те обесам на плоштад, увото со нож ќе ти го исечам“

Истиот лик и се заканил и на актерката и активистка Анита Љатифи која и даде поддршка на новинарката Бехадини. „Анита Љатифи на мене ми се нафрлаш. На Рита увото ќе и го исечам, а на тебе не увото, туку со секира ќе те направам на парчиња“.

July 25, 2023 12:21
in PMD, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Photo: Free Press / Dragan Mitreski

Photo: Free Press / Dragan Mitreski

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Центар за слобода најостро го осудува и бара итна реакција за експлицитните закани и говор на омраза упатени кон новинарката на Алсат М, Рита Бехадини на нејзината објава во врска со јавниот став од страна на оџата од Сарај на социјалната мрежа Фејсбук. Извесен профил именуван како Fisnik Hoxha (Фисник Хоџа) и упатил закана: ,,Ај избриши го постот што го напиша против оџата, семејството ќе ти го е****. Утре ќе дојдам пред Алсат, увото ќе ти го исечам со нож”.

За оваа експлицитна закана по животот на новинарката Бехадини, Здружението на новинари (ЗНМ) излезе со реакција и го пријави до Министерството за внатрешни работи (МВР) до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика.

Но, и покрај вчерашната пријава, истиот профил продолжува да и се заканува на новинарката Бехадини.

„Рита Бехадини пишувајте за мене преку порталите, ама јас си стојам на зборот, фамилијата во у*** ќе ти ја е***, ќе дојде ден кога ќе ми паднеш во рака“.

Во друга објава на Фејсбук пишува: „Рита пишувај за мене, ама слушни ме добро, ќе те најдам и со бензин ќе те запалам, и ќе те обесам на плоштад Скендербег.

„Рита Бехадини, избриши ја објавата за Хоџата Омер и побарај извинување. Новинарката Рита Бехадини вчера и денеска 24/7 ја придружува 1 полицаец. Рита, под надзор си додека те фатам и многу добро знаеш што ќе те снајде“, пишива Хоџа.

Истиот лик и се заканил и на актерката и активистка Анита Љатифи која и даде поддршка на новинарката Бехадини.

„Анита Љатифи на мене ми се нафрлаш. На Рита увото ќе и го исечам, а тебе не увото, туку со секира ќе те направам на парчиња“. 

Заканите по живот се кривични дела опфатени во Кривичниот законик за што е предвидена затворска казна за сторителите, а МВР и ОЈО, треба веднаш да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот, но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина.

За ваков тип на закани оваа година ЗНМ издаде Протокол за безбедност на новинарките на интернет кој нуди практични чекори како новинарите да постапат кога ќе бидат предмет на закана преку социјалните мрежи и воопшто на интернет, преку проактивна вклученост на МВР во заштита на новинарите и медиумските работници со посебен фокус на жените новинарки.

Д.М. / Цивил Медиа

Next Post

Мирот не е само отсуство на војна

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk