ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Вуков ги прослави првите бодови во Унгарија и замина за Белгија

July 26, 2023 09:16
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонскиот возач Ристо Вуков испиша нови страници од историјата со освојување на првите бодови во Порше Суперкуп на трката возена на патеката Хунгароринг.

Проблематичниот старт на сезоната во кој најпрво се откажа трката во Имола, проследен со излетувањето во Монако и дефектот на моторот во Австрија, конечно ќе биде потиснат од напливот на позитивните вибрации што ги донесе трката во Унгарија.

– Сите спортисти се соочуваат со разни проблеми во своите кариери, така и во мојот случај искушението беше големо. Благодарение на тестирањата што претходно ги имав на оваа патека, бев во можност тука да го дадам најдоброто од себе. Знам дека можев уште подобро бидејќи се соочивме со проблем во квалификациите кога поради дождот што го изми асфалтот, целата работа околу сетирањето на автомобилот на тренинзите беше загрозена, а сличен проблем се покажа и во квалификациите што се возеа во Формула 1. Минатата година мојот тим не учествуваше во Порше Суперкуп и инженерите немаа претходно искуство на оваа патека, па тоа се одрази на пласманот на 21 место на стартот. Сепак, стабилните временски услови потоа овозможија да се вратиме во ритам и автомобилот беше многу подобар во трката, а тоа ми дозволи да напредувам до 14 место и да освојам поени. Горд сум на фактот дека сум прв Македонец што го постигнал тоа, но моите аспирации се повисоки.

Во текот на трката, Рико имаше дуел со поранешниот Ф1 возач, Тимо Глок, што успеа да го добие, а на крајот доцнеше нецели девет секунди зад победникот во трката, што дава јасна слика за изедначените перформанси.

Идниот викенд на програмата е гран при викендот во Белгија, на патеката Спа Франкоршамп, со што започнува втората половина од шампионатот. До крајот ќе има уште две трки на Зандворт во Холандија и финалето во Монца на почетокот на септември.

Tags: ВуковПорше Суперкуп
Next Post

Спасовски по повод 60-годишнината од земјотресот: Скопје е симбол на солидарноста

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk