Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги искажа впечатоците по пријателскиот натпревар одигран ноќеска во Хјустон со Манчестер јунајтед.
„Кралевите“ победија со 2:0 со головите на Белингем и Хоселу.
– Тоа беше добар натпревар. Игравме добро, особено во првото полувреме. Се браневме подобро од првиот натпревар. Во вториот дел покажавме добар став. Бевме задоволни. Отсуството на Куртоа? Има мала повреда, нема смисла да се ризикува со него, како и со Ѓулер. Играта со новиот систем? Се оди добро. Винисиус одлично се прилагодува и го сака тоа. Позициите на Родриго и Винисиус создаваат голема опасност за противниците кога ја освојуваме топката. Белингем додава квалитет, изјави Анчелоти за „Марка“.
Во следниот пријателски натпревар на турнејата во САД, фудбалерите на Реал Мадрид ќе играат против Барселона (30 јули), додека Манчестер јунајтед ќе се соочи со Борусија Дортмунд (31 јули).