ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Промовирана поштенска марка „60 години од скопскиот земјотрес“

July 27, 2023 12:19
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во просториите на УНДП во Скопје денеска беше промовирана поштенската марка „60 години од скопскиот земјотрес“. Поштенската марка ја промовираа постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан и генералната директорка на АД Пошта на Северна Македонија, Бујаре Абази. Марката е дело на Лоран Буфало од Пошта на Северна Македонија и е со мотив на старата железничка станица. Номиналната вредност 36 денари, а е испачатена во тираж од 6.000 примероци.

-Денес сме тука по повод комеморација на жртвите и 60-годишнината од земјотресот во Скопје. Тука сме сите заедно исто така да ги спомнеме жртвите, но и истрајноста на Македонија и Скопје по земјотресот. Шеесет години потоа УНДП се горди затоа што се уште ги координираат како што се домашните и меѓународните чинители во комеморација, но исто така и во координација и чествување, рече претставникот на УНДП Григоријан.

Потсети дека од почетокот на годината УНДП работи на различни настани и ги разгледува различните аспекти од земјотресот што разурна Скопје пред 60 години.

-Имавме конференција во мај која се одржа на високо ниво – меѓународна конференција каде што го разгледувавме Скопје и визијата за Скопје после 100 години. Исто така, од овој поглед УНДП работи на неколку точки. Една од нив е развојот на Националната развојна стратегија. И секако после 100 години од земјотресот ќе има нови генерации кои ќе живеат и ќе го водат овој град.

Григоријан додаде дека УНДП ја предводи и Националната младинска стратегија во Северна Македонија.

Директорката на АД Пошта Абази, на промоцијата рече дека Скопје е град на солидарноста што е изграден со подадената рака на светот кој во таа 63-та година се соедини за да му помогне на нашето Скопје.

-Во својата долга историја градот повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. И секогаш повторно се издигнувал, растел, се развивал со своите жители. Обединетите нации веднаш по катастрофата презеде активности за плански долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. Во времето кога сите стручњаци од ООН почнале да пристигнуваат во Скопје во седиштето на Меѓународната организација било речено дека Скопје ќе биде споменик на човечката солидарност, рече Абази.

Затоа, додаде таа, денес се сеќаваме на оваа катастрофа, се сеќаваме и на подадената рака на светот.

-Пошта на Северна Македонија низ годините има издадено голем број на поштенски марки со мотив на градот Скопје, така и денес кога се сеќаваме на оваа наша страшна катастрофа – 60 години од скопскиот земјотрес. Поштенската марка „Скопје се сеќава 1963-2023“ посветена на годишнината од скопскиот земјотрес е дело на Лоран Буфало од Пошта на Северна Македонија и со мотив на старата железничка станица. Номиналната вредност 36 денари, а е испачатена во тираж од 6.000 примероци, истакна Абази.

Tags: земјотреспоштенска марка
Next Post

Ѓурчиновски и Димовски ја претставуваа Македонија на ЕП во билијард за јуниори

Shortcut

Најново

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk