ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Северна Македонија и Црна Гора ја прошируваат соработката и во областа на дигиталната технологија и сајбер безбедноста

July 27, 2023 18:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Северна Македонија и Црна Гора ја прошируваат соработката и во областа на дигиталната технологија и сајбер безбедноста
Фото: Влада

Северна Македонија и Црна Гора ја прошируваат соработката и во областа на дигиталната технологија и сајбер безбедноста Фото: Влада

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу заедно со министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, денеска во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста.

“Имав задоволство да го пречекам мојот колега, министерот за јавна администрација на Црна Гора, г-дин Мараш Дукај. Со цел конкретизирање на одличните односи меѓу нашите две земји, денеска го потпишуваме Меморандумот за разбирање за унапредување на развојните политики и претприемништвото во областа на дигиталната технологија и сајбер безбедноста. Зајакнувањето на сајбер безбедноста, особено во овој период кога технологијата станува сѐ пософистицирана, претставува секојдневен предизвик, кој секогаш бара внимание, посветеност и соработка. Дигитализацијата, заштитата на нашите системи, размената на информации, размената на знаењата, човечкиот капацитет, кој е еден од најважните вредности за секторот на сајбер безбедност, е во фокусот на овој Меморандум“, рече министерот Алиу.

Министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, од своја страна исто така изрази особено задоволство од денешното потпишување на Меморандумот:

„Сајбер безбедноста станува сѐ поважна во нашите општества, сите земји од регионот се соочуваат со повеќе закани, затоа е неопходна регионална и меѓународна соработка за ефикасна борба против овие закани и за заштита на општеството, економијата и нашата инфраструктура“, истакна министерот Дукај.

Дополнително, на билатерална средба се говореше и за системот за онлајн плаќање Пејпал (PayPal). Министерот Алиу изјави дека двете земји заеднички ќе аплицираат за да бидат дел од овој систем за онлајн плаќање.

„Друг голем исчекор е тоа што Северна Македонија и Црна Гора заеднички ќе аплицираат за да бидат дел од системот за онлајн плаќање Пејпал (PayPal), на предлог на самата компанија. Северна Македонија и Црна Гора наскоро ќе бидат дел од PayPal“, рече министерот Алиу.

Tags: дигиталната технологијасајбер безбедностСеверна МакедонијасоработкаЦрна Гора
Next Post

Ковачевски: За време на оваа Влада, за 59,3% пораснаа просечните плати во државата

НАЈНОВО

Скриншот

Леклер: Можеме до успех во Италија, минатата година никој не веруваше дека Ферари ќе се бори за победа

September 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

Уапсениот за убиство на поранешниот претседател на украинскиот парламент го призна делото и побара да биде разменет за украински заробеници кои се во Русија

September 2, 2025

Во второ читање проследен Предлог – законот за Договор за заем за дополнително финансирање на Проектот за унапредување на основното образование

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk