Уште едно возило е опожарено во Куманово, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи и територијалната противпожарна единица Куманово.
Пожарникарите интервенирале на пожар на автомобил на патот кон село Черкези, кај поранешна фабрика (Искра) со едно возило и тројца пожарникари.
– Од почетокот на годинава на подрачјето на Куманово се опожарени биле вкупно 13 автомобили и еден камион. За среќа во пожарите нема повредени лица, причинета е само материјална штета, изјави заменик командирот на ТППЕ Куманово, Борис Станковски.