ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Tри капитални објекти на МВР 2017-2023, за унапредување на модерното полициско работење

July 31, 2023 10:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Tри капитални објекти на МВР 2017-2023 – ИКТ центар за чување и заштита на податоци и за опоравување од катастрофи во Прилеп, nајсовремена форензичка лабораторија на Балканот и нова Полициската станица Аеродром, објави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовкси на неговиот Фејсбук профил.

– Ова се низа суштествени, реформски и програмски зафати во рамки на Министерството за внатрешни работи што ги подготвувавме и реализиравме изминативе години, и бездруго заземаат значајно место во напорите за квалитативно унапредување на модерното полициско работење. Продолжуваме!, напиша Спасовски на Фејсбук.

Информира дека ИКТ центар за чување и заштита на податоци и за опоравување од катастрофи во Прилеп, е финансиран со 3,25 милиони евра од претпристапната помош на ИПА фондовите и со 150.000 евра од Министерството за внатрешни работи.

– Како краен корисник на овој капитален објект – Центарот ќе биде back-up (резервна база) за клучните, витални информациски системи во земјава и ќе гарантира дека тие ќе функционираат доколку од какви било причини е загрозена работата на примарниот информатички систем и исто така ќе ги зачува податоците во случај на природни или катастрофи предизвикани од страна на човечки фактор, појаснува Спасовски.

Во однос на најсовремената форензичка лабораторија на Балканот, во Оддел за криминалистичко–технички испитувања и вештачења, министерот напиша дека станува збор за објект што ќе биде опремен согласно сите најнови европски полициски стандарди во доменот на крим-техниката, односно форензиката. Или, попластично кажано, наведува Спасовски, објект што реално претставува есенција во полициско-истражителското дејствување, така што со право очекуваме, во голема мерка да се подигнат на уште повисоко ниво не само професионалните стандарди, туку и конкретните ефекти на овој дел од оперативното полициско работење.

– Со изградбата на овој објект конечно се унапредуваат условите за работа на крим-техничките работници во нови лабораториски и канцелариски простории. Го фаќаме чекорот со современите постапки во оваа сфера и нивна хармонизација со најдобрите европски практики и стандарди – Проект за чија што реализација во рамки на ИПА програмата за 2016 година се издвоени потребните над три милиони евра. Очекуваме објектот да биде пуштен во употреба наскоро, објави Спасовски.

Новата Полициската станица Аеродром, е трет објект во низата нови градби на Министерството за внатрешни работи, што воедно е енергетско ефикасен објект. Предвидениот рок за изградба на објектот, напиша министерот Спасовски, е 30 месеци од денот на воведување во работа на економските оператори изведувач и надзор, со вкупна вредност од околу 130.000.000 денари со вклучено ДДВ, предвидени од буџетот на Република Северна Македонија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МВРСпасовски

НАЈНОВО

Крмзов доби 30 дена притвор

June 10, 2025
Фото: Скриншот

Американските власти го привеле најпознатиот „тиктокер“ во светот, Хаби Лејм

June 9, 2025
Фото: Скриншот, Си-Би-Ес

(ВИДЕО) Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целиот екипаж на „селфи-јахтата“

June 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски ѝ објави „војна“ на ДУИ, остри критики на социјалните мрежи за неговата реторика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Вучиќ и опозицијата прогласија победа на локалните избори во Косјериќ и Заечар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишен од слобода сопственикот на агенцијата, која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Листата „Не ја даваме на Србија – Александар Вучиќ“ доби најмногу гласови на локални избори во два града во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е време за навивање – време е за будност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk