ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Нема стравувања околу годинашното производство на пченица, ниту ќе има драстично зголемен увоз, тврди Николовски

August 1, 2023 14:53
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска соопшти дека нема стравувања околу годинашното производство на пченица, ниту ќе има проблеми за драстично да се зголеми увозот.

Како што рече Николовски, одговорајќи на новинарски прашања, квалитетот на пченицата е незадоволителен, но тоа не е случај само во земјава, туку и во Србија, Грција и Бугарија, како и во поголемиот број држави кои не се увозно зависни како нас и кои имаат огромни површини со лебно жито.

Според податоците пред жетвата, напомена министерот, бележиме зголемување на површините под пченица за осум проценти, а зголемување на површините има и кај јачменот.

-Минатата година го донесовме Националниот план и го стабилизиравме производството во време на воен конфликт. Нема да има проблеми во делот на драстично поголем увоз. Ние секоја година сме увозно зависни, а и секоја година ни недостасува квалитетна пченица. Климатските промени може да предизвикаат тој дополнителен дел од 60 000 – 70 000 тони, што секоја година го увезуваме, да го увеземе и сега. Но, ако лани сме имале производство од 250 000 тони пченица, оваа година се очекува поголемо производство. Сепак, донесовме и мерка за ускладиштување на пченицата и јачменот, тоа е интервентата мерка која овозможува во следните девет месеци земјоделците да ја складираат пченицата за што ќе добиваат 120 денари по тон за месец. Таа мерка никогаш не била применета на ваков начин и во волку долг период. Со тоа овозможуваме земјоделците да ја складираат пченицата, да добијат по 120 денари за тон, но и по три денари за откупен килограм. Воедно, ги полниме и складишните капацитети, објасни Николовски.

На прашањето колкав ќе биде приносот, тој потенцира дека во Министерството за земјоделство никогаш не се работи со „чаршиски“ бројки.

-Функционирањето во МЗШВ е преку потсекторски групи, а јас секогаш зборувам со факти и аргументи. Еднаш треба да научиме дека има закони и подзаконски акти, дека има регистри и начин како сето тоа функционира. Така е европски, а не да зборуваме паушално. Никогаш не сум кажувал паушални бројки, ниту денеска ќе кажам, зашто се потпирам на факти, бројки и податоци кои се добиваат преку подрачни единици, регистри и преку целиот систем во рамки на МЗШВ. Оттука, кога ќе ги имаме сите официјални бројки од откупот, ќе ги соопштиме. Мерките кои се однесуваат на откупот важат до 31 август, и за поддршка на јачменот и за поддршка на пченицата. Финалните бројки во однос на производството и откупот ќе ги знаеме кога земјоделците ќе аплицираат за финансиската поддршка која годинава ја зголемуваме, 12 000 денари дополнително за јачменот и три денари за секој откупен килограм пченица, подвлече Николовски.

Tags: Николовскипроизводствопченица
Next Post
NASA

По погрешна команда, НАСА го изгуби контактот со „Војаџер 2“

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026
Digital brain with circuit patterns symbolizes artificial intelligence in server lab

Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 27, 2026
Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk