Во трговијата на мало во јуни годинава во споредба со јуни минатата година статистиката евидентира пад во прометот само во номиналната стапка во групата Трговија на мало со автомобилски горива и тоа за 21,2 проценти.
Како што објави Државниот завод за сттаистика, зголемување на прометот е забележано во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално за 11,5 проценти, а реално за еден процент, Трговија на мало, освен трговија со горива номинално за 10,9 проценти, а реално за 1,8 проценти и Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално за 10,3 проценти, а реално за 2,8 проценти.