ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Владина делегација предводена од министерот Спасовски по повод Илинден положи цвеќе пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце

August 2, 2023 12:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во чиј состав се министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова и министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, во рамки на државната програма по повод 2 Август- 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ – положија цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

Годинешното одбележување на Денот на Републиката е под мотото „120 години Илинден – Огниште на татковината“, а на свечената церемонија во Пелинце во организација на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, преку положувањето цвеќе владините претставници оддадоа почит на хероите кои ги положија своите животи за нашата татковина, оставајќи аманет за чување на слободата и вечно сеќавање на остварениот копнеж за сопствена држава, на која борците на АСНОМ ги поставија цврстите темели.

Во рамки на државната програма во Пелинце обраќање на свечената церемонија на одбележувањето во Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце имаше претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Во него претседателот Пендаровски истакна: „Од АСНОМ па до денес, се потврдува една иста вистина: тешко е да се дојде до слободна држава, но уште потешко е да се изгради и одржи слободно и праведно општество. Додека првото е дело на една генерација, второто станува обврска на сите наредни поколенија. Вистинската слобода зависи од владеењето на правото и социјалната правда, од поредок во кој правата на едните нема да бидат на сметка на правата на другите.“

По свечената церемонија во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, државна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски, во чиј состав се потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, ќе остварат работна посета на Република Србија, а нивни домаќин на Прохор Пчињски ќе биде претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Притоа, во манастирот Прохор Пчињски ќе биде положено цвеќе од страна на државната делегација на Република Северна Македонија и претставниците на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945.

Tags: ВладаИлинден
Next Post

Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Сирија

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

April 17, 2026
онкологија

Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

April 16, 2026

(ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk