ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски: Од ИПАРД 2 нема да вратиме ниту едно евро, имаме повеќе договори од Србија, Албанија и Црна Гора заедно

August 3, 2023 13:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 8,8 милиони евра ќе изнесува финансиската поддршка на последниот ИПАРД 2 повик што ќе биде објавен утре. Крајниот рок за поднесување на барањата е 18 септември 2023 година, а инвестициите што ќе бидат одобрени, мора да се реализираат до 31 мај. Барањето за исплата треба да се достави до 30 јуни, а потоа Платежната агенција во рок од шест месеци (до крајот на годината) има обврска да ги исплати средствата.

Како што рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на средба со новинарите, целта е максимално искористување на ИПАРД 2, „до последно евро“.

Засега се склучени 2 369 договори, што е повеќе од вкупниот број на договори во Србија, Албанија и Црна Гора заедно.

-Овој последен повик го објавуваме со цел овие 8,8 милиони евра, како последни пари од ИПАРД 2, да бидат инвестирани дома со што, во буквална смисла, ниту еден денар нема да вратиме назад, за разлика од ИПАРД 1 кога 60 милиони евра беа вратени кон ЕУ. На овој начин, вкупната реализираност на ИПАРД Програмата би достигнала 100 проценти, што би било уште еден успех за државата. Успехот е за восхит, не само зашто сите пари ги искористуваме, насочувајќи ги во инвестиции на домашни компании, туку направивме и рекорд во регионот. Со последниот повик бројката на договори би се зголемила и рекордот би се потврдил, истакна Николовски.

ИПАРД 2 повикот ќе се однесува на мерката 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рубни производи. Новите инвестиции би биле за млеко и млечни производи, месо и преработки од месо, вклучувајќи јајца и живина, овошје и зеленчук, житарки, мелнички и растителни производи, масла и животински масти,…, а финансиската поддршка е 75 отсто од ИПАРД и 25 проценти од државниот буџет. Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна помош (грант) во иснос од 50 отсто од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

Во јавниот повик не се прифатливи инвестиции во градежни работи. Повикот е исклучиво наменет за набавка на опрема за преработки. Во однос на инвестициите поврзани со производство на енергија од обновливи извори, единствено прифатливи се инвестиции за набавка и инсталирање опрема за производство на енергија за сопствени потреби.

-Сите македонски компании од агросекторот треба да се потрудат да подготват добри, издржани апликации. Во оваа насока, министертсвото ќе организира неколку состаноци овој месец со сите потенцијални апликанти, најави Николовски.

Tags: ИПАРД 2Николовски
Next Post

Малолетник и 33-годишна жена загинале во сообраќајна несреќа вчера на патот Крушево - Кривогаштани

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk