ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во пожарот пред Отовица кај велешкото езеро „Младост“ изгореа 50 хектари сува трева, нискостеблеста шума, багреми и борчиња

August 3, 2023 12:02
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Во пожарот кој вчера попладне избувна пред влезот на селото Отовица во близина на велешкото езеро „Младост“ изгореа 50 хектари сува трева, нискостеблеста шума, багреми и дел борчиња.

Пожарот бил пријавен во 13:30 часот, а изгаснат во 19:40 часот, но екипа на Територијалната Противпожарна Единица од Велес со шест пожарникари и едно противпожарно возило синоќа беше оставена на терен за секој случај, информираат за МИА од Регионалниот Центар за управување со кризи Велес.

-Во едно време имало опаснот и по куќите во селото, но брзата и навремена кординирана акција на сите надлежни, а и со подршка од полицијата и локалната власт и градоначалникот Марко Колев, ЈКП „Дервен“, ШС Бабуна и месното население го спречи проширувањето на пожарот, велат од РЦУК Велес.

Во пожарот биле вклучени 16 пожарникари со пет противпожарни возила, една цистерна со двајца вработени од ШС „Бабуна“ и девет вработени од ЈКП„Дервен“ и месното население. Во гаснење на пожарот се вклучи и еден хеликоптер на МВР и два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување.

Истрагата на СВР Велес треба да открие што е причината за овој пожар, информира за МИА, Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

Надлежните се сомневаат дека како и во изминатиот пожар на истата локација од 31 јули годинава причина е фрлен отпушок од цигара на автопатот Велес – Скопје, а потоа пожарот се проширил. Но тогаш пожарот беше помал и побрзо беше изгаснат и имаше помала штета. Од полицијата велат дека затоа тешко може да го открие сторителот на пожарот.

Самарџиев потенцира дека брзото гаснење на пожарот е дел од заедничката акција на сите надлежни институции добро поврзани и кординирани пред почетокот на летната сезона, а во рамките на акцијата „Безбедно лето“.

Tags: Отовицапожар
Next Post
[Photo credit: crimefeed.com]

Трето погубување во Сингапур за две недели поради трговија со дрога

НАЈНОВО

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Трамп не ја исклучува можноста за испраќање американски трупи за одржување на мирот во Украина

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk