ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Нова студија: Цените на недвижностите во светот ќе продолжат да растат

August 6, 2023 11:04
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Цените на недвижностите се очекува да се зголемат во просек за девет отсто годишно во следната деценија, покажува студијата на економисти од водечки германски и швајцарски истражувачки институции објавена оваа недела.

„Порастот на цените на недвижностите е поттикнат повеќе од факторите на побарувачката отколку од понудата“, изјави истражувачот Тимо Вохнер од германскиот институт ИФО, кој го спроведе истражувањето со Швајцарскиот институт за економска политика. Прогнозираните зголемувања на цените на недвижностите ширум светот варираат.

Очекуваните стапки на раст во Западна Европа (6,4 отсто) и во Северна Америка (7,7 отсто) се под светскиот просек. Тие се значително повисоки во Јужна и Источна Европа, каде што изнесуваат 18,4, односно 14,9 проценти. Цените во Јужна Азија се очекува да пораснат за 25,1 отсто, во Западна Азија за 22,4 отсто и во Централна Америка за 24,4 отсто.

Експертите предвидуваат пораст од 8,4 отсто во Велика Британија, 7,2 отсто во Германија, шест отсто во Соединетите Американски Држави и 5,5 отсто во Франција. Причините за нагорниот тренд вклучуваат повисок животен стандард и повисоки приходи, но и желба за повеќе простор за живеење и зголемување на бројот на жители.

Зголемената популарност на работата од дома, исто така, придонесува за растот на цените, се вели во студијата. Сепак, Вохнер вели дека „факторите на понудата, како што се ограничениот производствен капацитет, повисоките цени за градежни материјали и недостатокот на градежно земјиште“, исто така, играат голема улога.

Во истражувањето, кое траеше од 14 јуни до 2 јули, учествуваа вкупно 1.405 економски експерти од 133 земји. Бројките не се приспособени со инфлацијата, така што реалните зголемувања на цените веројатно ќе бидат помали, наведува ИФО.

Г. Т.

Tags: истражувањеИфоРастсветследна деценијацена на недвижности
Next Post

Ковачевски: Потребен е национален консензус за постигнување на стратешката цел - членство во ЕУ

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk