Најмалку 21 лице е повредено, а 126 згради се урнале по земјотресот со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди источната кинеска провинција Шандонг.
Епицентарот на земјотресот бил на 26 километри јужно од градот Џежу, на длабочина од 10 километри, објави Ројтерс.
Поради земјотресот во прекин е железничкиот сообраќај, вклучително и линиите Пекинг – Шангај и Пекинг – Ковлун.
Г. Т.