ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

На „Охридско лето“ концертна вечер со пијано-дуото „Гелебешеви“

August 7, 2023 10:29
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со концертот на пијано дуото „Гелебешеви“ со истакнатите македонски пијанисти, Катерина Костадиновска – Гелебешева и Глигор Гелебешев.

Во сферата на камерното музицирање, пијано – дуото „Гелебешеви“ од почетокот на своето делување во 2001 година, се наметнува како ансамбл со исклучително високо профилиран квалитет во уметничката изведба, што гради успешна концертна кариера во С. Македонија и на бројни интернационални подиуми ширум светот.

Уметниците од дуото поседуваат богати и разновидни уметнички сензибилитети, обединети во успешна хомогена целина, пепознатлива на концертната сцена по уникатниот творечки перформанс, специфична за изразито талентирани и врвно подготвени уметници што со своите инспиративни интерпретации умеат да го задржат вниманието и на најпребирливата публика.

Репертоарот на дуото „Гелебешеви“ е селекција од колоритни дела со разновидна стилска и жанровска определба што најсликовито може да го претстави естетскиот афинитет на двајцата уметници. Започнувајќи од класиката и сонатите на Моцарт, концертните програми содржат оригинални дела за пијано – четири раце и дела за две пијана, со посебен нагласок на епохата на романтизмот: Шуберт, Шопен, Росини, Брамс, Дворжак, Шабрие, Лист, како и сите бои и звуци на дваесеттиот  век – Дебиси, Равел, Рахмањинов,  Хачатуријан, Барток, Барбер, но и низа композиции од современи композитори од дваесет и првиот век. Со цел промоција на македонската музичка култура надвор од границите на својата земја, дуото особено внимание посветува на изведба на пиеси од современи македонски композитори. А транскрипциите на познати оркестарски и камерни дела, подготвени од пијанистот Глигор Гелебешев, специјално за дуото, несомнено на нивните настапи им даваат дополнителна творечка и креативна димензија.

Дуото „Гелебешеви“ претставува реномиран камерен ансамбл во Р. Северна Македонија што континуирано настапува во градовите низ земјата и на сите најзначајни фестивали во сферата на класичната музика: „Охридско лето“, „Златна лира“, „Денови на македонска музика“, „Хераклејски вечери“, „Интерфест“, „Скопско лето“, „Прилепско лето“, „Штипско лето“… Од 2005 година со настапот на Светскиот ден на музката во Париз, пијано – дуото „Гелебешеви“ ја започнува својата интернационална кариера. Низ годините што следат, се редат  успешни концертни турнеи во: Италија, Холандија, Романија, Полска, Србија, Бугарија, САД, Турција.

За својата плодна концертна дејност пијано – дуото „Гелебешеви“ е добитник на највисокото признание на Сојузот на музичките уметници на Македонија, наградата „Златна лира“ во 2012 година. Имаат и соработка со повеќе медиумски куќи во Македонија и во странство и две це-де изданија.

Концертот ќе се одржи во прекрасната акустика на катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 21 часот. На програмата се дела за четири раце пијано на Дебиси, Шуберт, Рахмањинов и Шостакович.

Tags: „Охридско лето“Гелебешеви
Next Post

Само од почетокот на годинава во компаниите во ТИРЗ се вработени речиси 900 нови работници

EVN

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Војната со Иран се префрла на море: Шест бродови погодени во Персискиот Залив – расте ризикот за светската нафта

March 12, 2026

СДСМ: Срамна изјава на Мицкоски – ги нарече хистерични работниците кои бараат 600 евра плата

March 12, 2026
Илустрација Фронтлајн

Зошто Лавот сака да блесне – храброста да се биде виден

March 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Meta ја купи Moltbook – социјалната мрежа за AI ботови за која сите зборуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина актерот Кирил Поп Христов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 11 март 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Овие воено настроени убијци ја користат нашата музика без дозвола“ – Франц Фердинанд бесни поради видео на израелската армија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иранскиот амбасадр во Кипар: Моџтаба Хамнеи бил ранет во нападот што го уби неговиот татко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk