ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

За идентитетот, за национализмот

Национализмот е величење на своето и омраза кон другиот. Национализмот нема националност, секаде го има, кај сите нации и народи. Национализмот е „храна за гладен народ“, создаден од политиката.

August 7, 2023 11:54
in PMD, ДЕНЕС, МОЗАИК, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЗОРАН АНЃЕЛОВСКИ

Оваа тема секогаш буди огромни емоции на било која нација. Огромна група е приврзана за идентитетот и национализмот, подложна на дезиформации и искривени факти и ако некој друг има различен став или мислење веднаш се прогласува за „предавник“ близок до „другите“.

Јас сум горд македонски патриот, кој зборува македонски јазик, ги почитувам сите националности, вери и раси.

За мене има само ЛУЃЕ ИЛИ НЕЛУЃЕ, бидејќи ние од самото раѓање СИТЕ СМЕ ИСТИ, без националност, без вера. Замислете пример, при породување на две мајки од различна националност им ги заменат бебињата. Отпосле добиваме сè, име, вера, националност. Едноставно добиваме идентитет пренесен од нашите родители.

Доаѓаме до идентитетот, кој се пренесува од колено на колено во едно семејство. Новиот член на семејството, добива соодветно име, добива националност, добива вера, почнува да зборува јазик исто како му зборуваат домашните. Значи идентитетот се зачувува преку семејството, не може без сопствена волља да ти се наметне некој друг идентитет. Замислете сега нашинците во странство на своето новороденче, му зборуваат САМО француски, англиски, германски, норвешки, без користење својот мајчин јазик, мислите дека тоа дете ќе расте со чувство дека по националност е од родниот крај на своите родители. Треба да се воспитува да биде патриот кој ќе се гордее и сака својата родна држава или држава на нивните родители, да зборуваат мајчин јазик, да има сопствен избор, да ги почитуваат различностите. Не смее да се трујат со национализам.

Доаѓаме до национализмот, национализмот е величење на своето и омраза кон другиот. Национализмот нема националност, секаде го има, кај сите нации и народи. Национализмот е „храна за гладен народ“, создаден од политиката. Политика која нуди омраза и поделби, политичарите на балканот го користат само да опстанат или да дојдат до власт и моќ, да ги штитат своите лични интереси.

Југославија беше моќна држава чиј главен столб беше „братството и единството“ или заедништвото меѓу народите. 45 години се создаваа и одржуваа „проекти“ плус ЈНА, каде ќе се јакне заедништвото меѓу народите. Јас поголемиот дел од моето детство го поминав растејќи во таква интересна група, каде деца од сите народи и народности се дружеа заедно. Да се разбереме, не дека немало национализам, но со репресивни мерки е спречуван. После 45 години, политиката, прво економски го разјаде системот, а потоа го пламна национализмот и за 1 (една) година дојде до крвава војна каде роднини од мешани бракови меѓусебно се изпоубија и денес национализмот уште гори на овие простори и се поттикнува омразата.

Ако сакаме да успееме како општество, прво да ја сузбиеме политиката на национализам и поделби. Национализмот не носи ништо добро, носи само лошо, носи само конфликти и омраза. Да работиме на заедништвото, да се држиме до работи кои нè зближуваат, да градиме иднина со еднаквост, силна економија и подобар живот.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од ЦивилМедиа
Tags: ЗОРАН АНЃЕЛОВСКИнационализам
Next Post

До петок посвежо време, за викендот затоплување

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk