ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Габелоски од НМСМ: Национално советодавно тело како вистински претставник на младите

August 12, 2023 15:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Редакција Трн

Фото: Редакција Трн

Share on FacebookShare on Twitter

„Според мене Националното советодавно тело за млади ќе биде вистински претставник на младите.  Да, ние како НМСМ претставуваме одредено ниво на претставување на младите, но тоа ќе биде ниво погоре и едно повисоко тело каде младите ќе бидат претставени во склоп на Владата. Кога тоа тело ќе биде формирано ќе може подолгорочно да се размислува и процесите да се тераат до крај и онака како што смета невладиниот сектор, младинскиот сектор и посебно неформални групи на млади и самите млади како индивидуалци“ изјави потпретседателот на НМСМ, Сотир Габелоски во изјава за Трн.

Тој додаде дека формирањето на Националното советодавно тело е цел на НМСМ и дека активно се работи на неговото екипирање, со цел да се подигне работата на младите на едно повисоко ниво со коешто ќе можат да се туркаат уште поголеми процеси.

„Телото е веќе во законот предвидено. Навистина младите ќе имаат глас и ќе седат на иста маса со носителите на одлуките. Ние и сега го имаме во одредена форма. Клубот на млади пратеници нѐ комуницира особено за законот, но тоа тело би нѐ факторизирало повеќе како младински сектор за да можеме да реализираме повеќе проекти за младите“ рече Габелоски.

Тој исто така ја пофали и иницијативата Отворен Балкан и според него, од процесите од оваа иницијатива може да излезат само позитивни работи, проекти, процеси и бенефити за младите.

„Мислам дека вредностите околу кои се залага проектот Отворен Балкан се пресликуваат и во голем дел на активностите на организациите и институциите. Ние како невладин сектор сме консултирани во однос на важните процеси за нас“ рече Габелоски.

Зголеменото влијание на невладините младински организации, измената на Законот за млади и младински политики и активното учество во Иницијативата „Отворен Балкан“ сигнализира посветеност за подигање и негување на младата популација во земјата. Со обезбедување рамка за поддршка која поттикнува активно учество и граѓански ангажман, Македонија го отвора патот на нејзината младина да стане катализатор за позитивни промени и придонесувачи за поживо и попросперитетно општество.

Александра Тодоровиќ
Извор: Редакција Трн
Tags: ГабелоскиНМСМ
Next Post
Фото: ССК

ССК: Македонската винска индустрија е пример во кој правец треба да се развива македонската економија

EVN

НАЈНОВО

Орце Ѓорѓиевски: Скопското Кале ќе стане жива културна сцена на градот

January 27, 2026

Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра

January 27, 2026

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk