ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Република лаже, Советот на честа се чешла

August 12, 2023 14:57
in ON THE HOUR, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Перјаницата на груевите „к**тон портали“, и сегашниот истакнат (про)вмровски и (про)опозициски портал „Република“, познат по жирењето на дезинформации, по налог на неговите газди, повторно манипулира со вистината и спинува, односно безочно лаже.

Во својата објава од 11 август, „обработува“, или поточно, „одработува“ анализа на Фондацијата за демократија на Вестминстер објавенана во рамки на конференцијата „Младински состојби и финансирање на младинските политики во Македонија”.

Република, произволно, и сосема неточно изведува заклучок ( во насловот и во содржината на објавата) од анализата дека „Иселувањето од Македонија, посебно на младите е зголемено со доаѓањето на власт на СДСМ“, иако и самите, подолу во текстот признаваат дека анализата се однесува на периодот помеѓу двата пописа од 2002 до 2021, за кој период се наведува дека за шест проценти се намалил бројот на младите луѓе во Македонија и се проценува дека над 77.000 млади лица кои се родени во државата, заминале во странство последните години.

Анализата опфаќа, ако сакаат математички прецизно да пресметаат (како што милува да каже лидерот на ДПМНЕ), периот од 19 години, во кој поголем дел од времето, 11 години, на власт биле токму нивните налогодавачи.

Секако, (не)намерно, го изоставиле и податокот дека сите општини, вклучително и оние со вмровски градоначалници и мнозинство во советите, ги „губат“ младите сили.

Ова не е прв, а очигледно нема да биде ни последен, п(а)орталот Република да ја дезинформира македонската јавност со спинување и лаги. А зошто и не би, кога за сето тоа нема реакции пред сé од Советот на честа, и секако од останатите вистинољубиви новинарските здруженија,

Останува да видиме, дали овој пат новинарските здруженијата и Советот на честа ќе реагираат во одбрана на вистината, или повторно (како и предходно во слични случаи) ќе одмолчат.

Извор: ЦивилМедиа

Tags: дезинформацииРепубликаСовет на честаспинови
Next Post
Фото: Редакција Трн

Николовска од „Младите можат“: Отворен Балкан ги проширува можностите за младите

Shortcut

Најново

Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk