Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Пијам дијазепами и макалани и дувам џоинти, оти само така можам да ја следам дебатата за говорот на омраза и мизогинијата, омилените дисциплини на неписмените. Кои мразат сè што знае да пишува и чита, да пее и да се смее, без оглед на национална припадност, религиска определба или сексуална ориентација.
Значи – сè!
И повикуваат секој случај на закана, напад, или говор на омраза да се пријави.
Каква грижа, јебо те бог.
Па еве, решив да одговорам на овој апел и да го доставам до надлежните списокот на моите проблеми кои ми ги создавале и ми ги создаваат говњарите што ја отвораат и уживаат во својата „просветителска“ расправа.
Милионерката со гаќи.
Младенчо како флит машина против здравиот разум…
И други лепотани и лепотанки на перото.
Значи, говорот на омраза и омразата на говорот во случајот на господинот Тричковски.
Само во последните десетина години имам:
- 6.385.634 смртни закани (со стрелање, бесење, труење, расчеречување, набивање на кол и крусификшн.
- Имам милион пораки да ми се сотре племето седум колена назад и осум напред, значи во ексклузивниот седум/осмински ритам кој ќе сугерира дека сотреното е македонско по праисход.
- Имам 2.398.786 закани дека ќе ми се ебе сè живо и младо и старо и тоа во сите отвори.
- 3.500.000 закани дека ќе бидам пратен во Бардовци.
- 7.678.234 закани дека ќе бидам пратен во Идризово.
- 12.000.000 дека ќе ме ебат.
Чекајте малку: јас сум генијалец, ама се сомневам дека волкава љубов можам да издржам
Кога секоја закана би била отпечатена на А4 формат, би се собрал материјал за десет илјади бродски контејнери односно за три големи контејнерски брода.
Еве ги пријавувам, отворете ги статусите на Тричко на Фејсбук, Твитер, Фронтлајн и други медиуми кај што се појавува мојата маленкост и ќе видите за што тука станува збор. За почеток нека ви послужат реакциите на колумната „Ботови ли се ботови, македонски маки големи“, на фејсбук профилот на Фронтлајн.
Поздрав, сичко хубаво, драги сератори.
П.С.
Не постои говор на омраза кој може да се детектира без траги на деенка на знм, семм, санм, на сите редакции, директори и новинари. Говорот на омраза не е збор, не е ниту метафора, не е ниту вулгарност, говорот на омраза е разбирање на себе и на светот, тоа е филозофија на злото, тоа е интонација, редослед, синтакса, прашање на стилот.
Вашиот говор на омраза не е само тоа туку е злосторничка пракса против општото добро, односно против сите, вие сте во зоната на кривичната одговорност за пропаста на државата. Треба да се молите да пропадне инаку ќе наебете. Кате вика: Супер!