„Нема простор за згради во Лисиче! Ова е ставот на нашите сограѓани од насеба Лисиче, во врска со коригираниот предлог Детален урбанистички план за градска четврт ЈИ 09, блок 09.01. СДСМ доследно стои на страната на Лисичани и нема намера да поддржи никакви компромисни решенија на штета на граѓаните“, истакна Милутин Ристески, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на општина Аеродром.
Тој нагласи дека Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги излажаа граѓаните. Очигледно Муцунски нема намера да се откаже од намерата за изградба на највисоката висококатница, за која е предвидено да брои 12 ката, односно приземје, 10 ката и поткровје, вели Ристески.
„Токму под оваа предвидена 12-катница поминува и гасоводна цевка со пречник Фи 426 милиметри, што претставува реална пречка не само за градење, туку и за планирање на нови градби во оддалеченост од најмалку 30 метри лево и десно од гасоводната цевка.
Уште еднаш се докажа дека профитот на поединци за ВМРО-ДПМНЕ е секогаш пред интересите на жителите на Лисиче и Аеродром“, потенцира Ристески.