ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Реакциите во Северна Македонија на посетата на Курти се последица на недоразбирање кое бргу ќе се надмине

August 15, 2023 18:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Косово, Вјоса Османи вели дека реакциите во Северна Македонија на случувањата на собирите во Чаир и Тетово, за време на посетата на премиерот Албин Курти, минатиот петок, се последица на недоразбирања, за кои изрази уверување дека двете соседни држави бргу ќе ги надминат, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во изјава пред новинарите за време на посетата на општина Драгаш, Османи рече дека појавата на знаме на „Етничка Албанија“ меѓу поддржувачите на Курти во Тетово е само „потез на одреден граѓанин, а не нешто организирано“.

Таа ги повика македонските институции, „доколку ги загрижува нешто“, истото да го адресираат согласно меѓународните стандарди за заштита на човековите права и на правата на немнозинските заедници.

– Потег на одреден граѓанин, а не нешто организирано… На собири никој од организаторите не го контролира секој граѓанин што има во рацете, но тоа е како принцип. Нормално, доколку институциите на Северна Македонија ги загрижува нешто, наше единствено барање како институции на Република Косово е сé да се направи согласно највисоките меѓународни стандарди за заштита на човековите права, согласно меѓународните стандарди за заштита на правата на немнозинските заедници, со почитување на државотворната улога на албанската заедница во Северна Македонија, улога која продолжува да ја игра и ден денес, а тоа го знаат и македонските институции, рече Османи.

Таа нагласи дека Косово и Северна Македонија имаат одлични односи и изрази уверување дека тие ќе се унапредуваат и натаму.

– (Северна Македонија е) еден од најценетите соседи на Косово, една од државите кои ја признаа независноста на нашата држава во најкритичните моменти, држава која географски ни е најблиска…, затоа и комуникацијата меѓу нашите и граѓаните на Северна Македонија секогаш била одлична и овие односи секојдневно се унапредуваат, рече претседателката на Косово, додавајќи дека Албанците кои живеат во Северна Македонија претставуваат поврзувачки мост меѓу двете држави.

Според неа, случувањата во врска со посетата на Курти на Чаир и Тетово се недоразбирање кое, со добра волја од двете страни, ќе се надмине.

– Ова верувам дека е само мало недоразбирање, кое ако имаме добра волја обете страни, како што сме го докажале тоа секогаш досега, ќе се надмине, кога се знае дека сите косовски институции се заинтересирани за позитивни и секогаш во подем односи со Северна Македонија, рече Османи.

Посетата од минатиот петок на косовскиот премиер Албин Курти на Северна Македонија и неговото обраќање на собир во Тетово, каде што се појави знаме на „Етничка Албанија“, предизвика бројни реакции во македонската јавност.

Меѓу другите, реагира и претседателот на државата Стево Пендаровски, кој оцени дека „истакнувањето провокативна националистичка иконографија што промовира великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза и нетрпеливост со што недвосмислено се напаѓаат основните принципи и вредности на Рамковниот договор, како и концептот на Македонија како мултиетничка држава“.

Пендаровски побара организаторите на јавните собири во Тетово и во Чаир да бидат законски санкционирани за кршењето на законските одредби во однос на употребата на државното знаме и химна и знамињата и симболите на заедниците.

Tags: Албин КуртиВјоса ОсманиКосово
Next Post

(ВИДЕО) Општински советник од партијата на Курти меѓу петмина уапсени во Тирана за шверц на дрога

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk